Почетна / Диети / Ослабете без последици

Ослабете без последици

Доколку сакате побрзо да се ослободите од прекумерната тежина, не почнувајте со строги диети за кои имате слушнато од пријателите или со  различни програми за слабеење кои Ви имаат препорачано недоволно информирани луѓе. Кога на своја рака се прифаќаат одредени диети за слабеење, не сте ни свесни колку штета можете да нанесете на своето здравје.

Оној момент кога ќе го намалете внесувањето на храната, организмот веќе ја препознава заканата, па брзо го намалува трошењето на енергија за работа на мозокот, срцето, џигерот, бубрезите, цревата…Телото брзо почнува да функционира на рестриктивното калориско внесување. Во голем број на случаеви доаѓа до намалување на обемот и телесната тежина, но и до намалување на мускулната маса. Иако се резултатите видливи, постојано се присутно чувството на глад и нервоза. Доаѓа до пресврт, диетата се прекинува. Стручњаците, меѓутоа предупредуваат дека броењето на калории можи да доведи до голем стрес, и човекот го враќа на претходното калориско внесување.

Правилно консумирање на храна – идеална рестрикција би требало да трае најмалку 40 дена. Толку е потребно на организмот да се потполно прилагоди на ограничувањата и да покасно  подобро реагира на враќањето на уобичајниот калориски режим. Како најуспешен режим на исхрана се покажал оној наједноставниот – програмот на хроно исхрана. Тој се базира на правилното внесување на храната во време кога таа може најдобро да се искористи во цел на создавање на енергија, а не на создавање на масни наслаги

Секоја храна има свое време – утрото е одлично за јаглените хидрати, а вечерта за лесни протеини. Овошје и колачите се препорачуваат попладне, кога е активноста на хормонот на инсулин најмала, а со самото тоа помала е опасноста да се добие на тежина.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...