Почетна / Совети за здравје / Осеќате хроничен замор? Еве што може да биде причина!

Осеќате хроничен замор? Еве што може да биде причина!

Осеќате ли константен умор дури и кога сте наспиени и одморени? Можеби тоа е црвен сигнал кој телото ви го праќа, односно алармира. Дознајте што може да биде причината за вашиот умор.
1. Дехидратација

Истражување спроведено во 2012 година на барање на жените потврдило дека недостатокот на течности во телото може да предизвика главоболка, промена на расположение и умор. Таквата нуспојава всушност е порака што ја праќа мозокот, која би требало да ве предупреди дека телото дехидрирало.

Решение: Ако и вие спаѓате во групата жени на кои водата не им е омилен пијалок, тогаш зачинете ја со малку сок од лимон или портокал или направете витаминска вода. Исто така, шишенце со вода ставете си на работната маса и пијте си по малку штом се сетите, без разлика дали осеќате жед или не.

2. Недостаток на витамини

Витаминот Б12 е потребен на нашето тело. Освен што помага во произведување на, црвени крвни ќелии овој витамин е одговорен за нормална работа на невроните, односно нервните ќелии. Недостатокот на истиот го намалува преносот на кислород низ крвта и причинува силно чуство на умор и малаксаност.

Решение: Овој витамин во природен облик се наоѓа во намирниците од животинско потекло, а ако сте вегетаријанец или веган можете да го пронајдете во облик на таблети. Најдобро би било да побарате помош од лекар и да направите комплетна анализа на крвта.

3. Премногу обврски
Пробувањето во што пократок период да направите  што повеќе активности, за вашето тело претставува голем шок. Резултатот е глава преполна со информации и грижи кои не оптеретуваат од утро до вечер. Вашето тело за време на тој период е константно напнато, односно во состојба која причинува несоница и чуство на умор.

Решение: За да си помогнете себе си важно е да го пронајдете својот филтер кој може да биде било кој вид опуштање како физичка активност, медитација или едноставно друење.

4. Вишок или недостаток на железо
Поголем број од жените се свесни дека анемијата причинува малаксаност и умор. Но ист удел во тоа има и зголеменото ниво на железо во организмот. За да се решиме од вишокот железо, нашето тело користи големи извори на енергија, витамини и минерали оставајќи многу малку во телото колку за нормална работа.

Решение: Намирниците од животинско потекло како јајца или месо, зеленчук како цвекло, јаткасти плодови или мешункасти растенија се преполни со железо, а во комбинација со оние намирници кои содржт витамин Ц вашето тело ќе добие се што му е потребно. Но, за да бидете сигурни дека во вашето тело внесувате доволна количина железо, побарајте помош или совет од лекар и направете анализа на крвта.

5. Недоволно движење

Работниот ден со себе носи и одредена доза стрес. Таквиот насобран стрес покасно го носите со себе дом, а седењето пред компјутер или на кауч пред телевизор никако нема да ви помогне да се ослободите од негативната енергија. резултат на ова е всушност ицрпено и преоптеретено тело кај кое нуспојава е уморот.

Решение: Прошетајте во парк, започнете со рекреација или возете статичен велосипед во домашни услови. Било каква активност на телото добро би му дошло.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...