Почетна / Рецепти / Оригиналните италијански пици: Пробајте 3 нови рецепти

Оригиналните италијански пици: Пробајте 3 нови рецепти

Најбитно е да направете добро тесто. За да тестото Ви биде крцкаво и убаво испечено, состојките за пица ставајте ги непосредно пред печење. Овај пат на располагање Ви се туна, виршли, сланина, феферони, моцарела …  

ЧЕТИРИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА   
Потребно Ви е:   
250 грама моцарела, 200 грама сирење, 200 грама печурки, 400 грама школки, 100 грама ракчиња, 2,5 децилитри доматен сос, 3 домати, 4 црвени пиперки, 4 парчиња шунка, сок од лимон, магдонос, црни маслинки, босилек, маслиново масло.

Подготовка:
Исечканиот домат, пиперките и печурките пржете ги пет минути на масло со лук и магдонос. Во друго тавче на малку масло испржете ги школките со малку сок од лимон. Истанчете го тестото за пица, а од малку тесто направете две плетенки  со која ќе ја украсите пицата и ќе ја поделите на четири дела. Додадете доматен сос, па различно филувајте ја секоја четвртина. На првата нанесете сирење, на другата моцарела и домат, на третата пиперка, а на четвртата домат исечен на кругови. Додадете сол и печете 15 минути на 220 степени. Извадете ја од рерната, распоредете ги печурките на пиперките, школките и ракчињата на доматот, а исечканата шунка на сирењето. Печете уште пет минути, па украсете со маслинки и босилек.

ПИЦА СО ТУНА  
Потребно Ви е:   
250 грама доматен сос, 250 грама кашкавал, 250 грама туна, босилек, кромид, маслиново масло.

Подготовка:     
Развлечете го тестото, премачкајте го со доматен сос и на него распоредете ренданиот кашкавал и исечканиот кромид. Печете 10 минути на 220 степени, извадете ја од рерната, ставете туна и печете уште 10 минути. Пред да ја послужете на пицата додадете масло и наросете го исечканиот босилек.

МИНИ ПИЦИ
Потребно Ви е:     
250 грама доматен сос, 250 грама моцарела, 100 грама виршли, тврдо варено јајце, 2 пиперки, морков, кисели краставичиња, зелени и црни маслинки.

Подготовка:   
Тестото развлечете го во тркалезна форма со пречник од 5 сантиметри. Варете го морковот околу 5 минути, а останатите состојки сечкајте ги на ситни парчиња.  Редете ги состојките, додадете ја солта и ориганото. Печете ја пицата 20 минути на 200 степени. Служете ја дури е топла.    .

Тесто за пица   

Потребно е:
1 килограм брашно тип 500, 10 грама свеж квасец, 0,5 литри вода, 2 лажици сол, 2 лажици маслиново масло, лажица шеќер.
Подготовка:
Измешајте го брашното и квасецот, додавајте малку вода со постојано мешање. Кога добро ќе измешате, додадете две лажици маслиново масло, две лажици сол и помалку од една лажица шеќер. Тестото месете го или десет минути рачно или пет минути со миксер. Оставете да одмори три-четири часа, па потоа филувајте по Ваша желба.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...