Почетна / Совети за здравје / Оригано – повеќе од зачин!

Оригано – повеќе од зачин!

Ориганото е зачин без кој пицата би имала сосема непрепознатлив вкус, но ова билка е многу повеќе од тоа. Ориганото како повеќегодишна билка расте во топлите ридски места во југозападна Европа и во Медитеранот. Секако дека се одгледува и во други поладни места на планетата но како едногодишна билка.

Ориганото е важна кулинарска билка затоа што како зачин дава специфична арома на јадењата и салатите во кои се додава. Секако дека ориганото станало популарно и надвор од јужна Италија, веќе после II светска војна. Ориганото добро оди и со зачинетите јадења, кои се токму популарни во јужната Италија. За да не дојде до забуна, ориганото се користи и во сите други кујни во Медитеранот, но и на Филипините и во Латинска Америка.

Од античкото време ориганото има и медицинска примена. Таткото на медицината, Хипократ го користел ориганото како природен антисептик, но и како лек против болки во стомакот и респираторните болести. Не е ни чудно зошто Грците и ден денес го користат ориганото против воспалението на грлото.

Ориганото е богат со антиоксиданси, пред се со полифеноли и флавоноиди. Поред благотворните полифеноли, ориганото содржи и минерали: манган, железо, калциум но и витамин К. Докажано е и анти бактериското делување на многу видови на бактерии. Поволно делува на органите за варење, дишење и на нервниот систем.

Во продажба може да се најде и сушено оригано (зачин), како свеж ( може да се одгледува во саксија) и во облик на есенцијално масло. Маслото од оригано (најмногу 4%) обично содржи два полифенолни единенија: карвакрол и тимол, кои се најчести природни антисептици. Маслото од дивото оригано е уште по благородно од обиченото (одгледувано) оригано, а можете да го најдете во билните аптеки и во продавниците за здрава храна. Во споредба со модерните антисептици, маслото од оригано дава дури и подобри резултати. Доколку го сакате ориганото, сега имате и дополнителна причина.

Зачинете здраво!

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...