Почетна / Активен живот / Организирајте го Вашиот живот

Организирајте го Вашиот живот

 

Изворот на Вашата среќа е упорна работа на исполнувањето на целите и сигурно напредување во насока кон остварување на суштината на животот.

Во сите аспекти на животот, што и да работите потребна Ви е мотивација. Прво напишете список на слабости, а потоа дознаете како да ја вратите желбата да ги остварите Вашите соништа.

Цел

Поставување на цели е почетна точка а тоа значи да се ослободи создавачкиот инстинкт кој ќе Ве води кон патот на остварување на мислите. Пронајдете што вистински сакате да работите и насочете ја енергијата кон тоа. Смислата на живот е живеење со смисла. Што сакаш од животот на емотивен, материјален, физички и духовен ниво. Поставување на целта, задолжително напишани во тетратка на соништа со јасна визија за остварување, исто е како да се има светлина кон која се тежнее. Човечкиот ум е најголем филтер во светот и кога се користи на соодветен начин, тој дофрлува она што го смета за не важно и Ви дава информации кои ги барате во тоа време.

Создавање на позитивен притисок на самите себеси

Еден од начините е јасно да се обврзете. Еднаш кога на светот ја објавите Вашата цел, тоа постојано Ве притиска да работите кон незиното остварување, бидејќи никој не сака да биде губитник.

Рок

Никогаш не одредувајте ја целта  а да не го поставите рокот за незиното остварување. За да целта заживее, морате да и дадете прецизен рок.

Волшебното правило 21

Нов обли8к на однесување треба да се спроведува во пракса 21 ден за ред за да прерасни во навика. За да се воспостави нов нервни пат во мозокот, потребно е 21 ден. Лошите навики не можат да се избришат но можат да се сменат во нови.

Никогаш не го работите она што не морате

Единствена причина да нешто направите е тоа да го сакате, бидејќи знаете дека е тоа вистинска работа за Вас. Трчајте ја Вашиот сопствен маратон. Страст е најмоќна движечка сила на Вашите соништа. Верувајте во себе, организирајте го животот на начин на кој ќе бидете среќни. Вистински извор на среќа може да се искажи само со еден збор: остварување.

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...