Почетна / Совети за здравје / Органи кои патат од премногу шеќер

Органи кои патат од премногу шеќер

Доколку јадете премногу шеќер не ви се заканува само кариес и сало – тука е и поголемиот ризик од деменција, оштетување на белите дробови и некои други мачни состојби.

Просечниот западњак само заБожик ќе изеде околи 32 лажици шеќер, процениле стручњаците од British Heart Foundation. Од друга страна стручњаците од истата област предупредуваат дека горна граница на дневен внес на шеќер изнесува 50гр или 10 лажици.

Заради шеќерот кој во полуготова или готова храна се наоѓа, секојдневно конзумираме околу 12 лажици шеќер. Освен што е калоричен во толку големи количини штети на здравјето и ги пореметува важните процеси и хормоните во телото. Врз основа на тоа доаѓа до појава или опасност од дијабетес, или некои луѓе веќе го добиле.

Некои лекари најозбилно прават споредби во претерувањето со внес на шеќер и алкохол. Овие две супстанци во големи количини се токсични, предизвикуваат зависност, присутни се насекаде и имаат негативно дејство на друштвото.

Ја крадат енергијата

Дава ли шеќерот енергија? Баш спротивно, од преголемата количина ќе ви се приспие. Кога го јадеме панкреасот произведува хормон инсулинза да го отстрани шеќерот од крвотокот и да го однесе до клетките за создавање енергија. Но преголемата количина шеќер во крвта нагло го поттикнува излачувањето на голема доза инсулин. Набрзо доаѓа до нагло опаѓање на шеќерот што резултира со замор.

Може да предизвика срцев удар

Шеќерот е лош за срцето и кај наизглед  здравите особи. Тој го поттикнува црниот дроб да произведува уреична киселина која го повишува крвниот притисок што може да доведе до мозочен или срцев удар. Го повишува холестеролотшто доведува до оштетување на крвните жили. Сите наведени проблеми може да се развијат дури и ако имате нормален индекс на телесна маса.


Поттикнува габични инфеции

Храната полна со шеќер може д биде фактор за габични инфекции. Често доаѓа до воспаление на слузницата на устата. Оние што се склони на такви инфекции треба да го намалат внесот на шеќер зошто тогаш големи се шансите дека ќе дојде до нагло подобрување на општото здравје.

Може да предизвика деменција

Некои докази упатуваат на тоа дека континуираното внесување на висока количина шеќер во крвта може да доведе до стареење на мозокот, односно деменција.Во списанието Neurology објавено е дека за време на едно истражување научниците го скенирале мозокот на  249 особи во доба од 60 до 64 години чија граница на шеќер во крвта била во нормална граница.

После 4 години, кај оние што шеќерот во крвта бил покачен биле изложени на поголем ризик и проблеми со хипокампус и амигдали –  подрачја во мозокот поврзани со памтењето и когнитивните функции. Веќе е познато дека заболените од тип 2 дијабетес имаат поголеми шанси да добијат деменција  –  веројатно зошто нивото на шеќер е високо и ги оштетува крвните жили. Мозокот поради тоа може да остане без доволно кислород  и хранливи состојки.

Шеќерот е штетен колку и алкохолот

Со оглед на штетата што ја предизвикува врз црниот дроб стручњаците веруваат дека шеќерот е исто толку штетен како и алкохолот. Калориите кои не се трошат се таложат на црниот дроб во облик на маст што со текот на времето може да доведе до состојба која се вика масен дроб чија причина не е алкохол.

Болеста е почеста кај мажите отколку кај жените и се јавува обично после 50 година. Повеќето заболени имаат  прекумерна телесна тежина, развиен масен дроб, иако имале нормален индекс на телесна тежина но конзумирале премногу шеќер. Доколку оваа состојба не се поправи тогаш кај црниот дроб се јавуваат лузни што резултира со цироза – непоправлива штета на црниот дроб. Фруктозата може да предизвика проблеми со дигестивниот систем. Премногу шеќер доведува фруктозата да заврши во цревата каде се ферментираат бактерии кои таму се наоѓаат, што предизвикува симптоми како гасови, пролив или кркорење на цревата.

Поголем ризик од рак

Врз основа на многу истражувања научниците откриле дека луѓето со повисок шеќер во крвта имаат поголема веројатност за развој на рак, вклучувајќи го ракот на црниот дроб, панкреасот, дојките и дебелото црево.

Истражување направено со 5000 жени во постменопауза открива дека тие имаат дупло повеќе шеќер во крвта и зголемен ризик за рак на дебелото црево.

Шеќерот ве застарува

Научниците го мереле нивото на шеќер во крвта кај 600 мажи и жени во доба од 50 до 70 години, а потоа ги покажале нивните фотографии на 60 независни проценители. Луѓето кои имале повисоко ниво на шеќер во крвта обично добиле повеќе години. За секои 180 грама гликоза по литар крв проценетата доба пораснала за пет месеци. Се смета дека разградувањето на шеќер во телото го успорува произведувањето на колаген и влакна еластин на кожата.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...