Почетна / Здравје и исхрана / Оревот го штити срцето, ја негува кожата и го регулира сонот

Оревот го штити срцето, ја негува кожата и го регулира сонот

Не само што е оревот вкусен, туку има широк спектар на здравствени придобивки, од кои најважни се заштита на срцето, зајакнување на имунитетот и го чува здравјето на коските.

Од древните времиња тој се поради неговиот облик кои наликува на човечкиот мозок поврзува со интелектот. Јатките воопшто се добри за здравјето, но во споредба со другите јатки, оревот содржи дупло повеќе антиоксиданси. Постојат дваесет видови на орев, а два најпознати вида се персиски кој потекнува од Азија и од Далечниот Исток и црниот орев кој е по потекло од Северна Америка.

Здравствените придобивки

Оревите се богат извор на А, Ц, Е и комплексот на Б витамини, а посебно се богати со минерали како што е железо, калциум, магнезиум, селен и бакар. Оревот содржи многу масти, но се работи за оние незаситени кои се здрави за нашиот организам. Минералот селен го прави оревот да биде силен антиоксиданс, го подобрува имунитетот, но и придонесува и за подобро расположение. Исто така, содржи и мелатонин, супстанца која е заслужна за опуштањето на организмот и регулирање на сонот. Старите цивилизации го сметаа за силен афродизијак и се препорачувало на мажите и жените како би ја подобриле плодноста.

Оревот го подобрува работењето на мозокот

Богатството на омега 3 масни киселини го прави оревот одлична храна за мозок. Недостигот на овие киселини во нашиот организам може негативно да влијае на правилното функционирање на мозокот. Студиите на Фурд универзитет открија да децата со недоволното внесување на овие есенцијални киселини имаат проблеми во однесувањето и учењето.

Оревот го заштитува срцето и крвните садови

Студиите истражувале врската помеѓу консумирањето на орев и здравјето на срцето, а голем дел од нив покажаа дека воведување на овој плод во редовната исхрана знатно намалува ризик од срцевите заболувања. Тие содржат големи количини алфа-линолеинска киселина, а тоа е вид на омега 3 масни киселини која се наоѓа во билките и игра голема улога во одржувањето на здравјето на срцето. Алфа-линолеинска киселина заштитува од воспаление и оштетување на крвните садови, намалува ризик од срцевиот удар и го нормализира крвниот притисок. Исто така, важна е за когнитивните способности и нормален развој на организам.

Масло од орев ја негува кожата

Масло од орев ја штити кожата и и враќа младешки изглед. Се користи во многу производи за нега на лицето и како масло за масажа. Витамин Е пронајден во оревот исто така има благотворно делување врз кожата.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...