Почетна / Совети за здравје / Online советување и психотерапија

Online советување и психотерапија

Ова психолошкото советување и психотерапија претставуваат облици на психотераписки однос кој се одвива по пат на видео врска и наменет е за лица кои од објективни причини и неможност лично да присуствуваат на сеанси го применуваат како начин за комуникација со психотерапевтот, психологот.
Ефективноста на онлајн советувањето и психотерапијата стручно се прати повеќе од 10 години наназад и резултатите укажуваат дека е поддеднакво ефективно како и среќавањето во живо со пациентите,  а во доста случаи и поефикасно.
Причините за успешност најмногу лежат во самата приватност на процесот, лесното воспоставување на врска, закажувањето на сеанса и можноста за разговор на далечина во реално време.

Голема предност на овој тип на советување во психолошкото советувалиште Петар Пан од Скопје е тоа што можете да учевствувате во психотераписки однос од удобноста на вашиот дом без разлика на местото на кое што живеете а што е и новитет кај нас.
Овој тип на терапија се препорачува за луѓе со депресија, анксиозност, панични напади, фобии, социјални фобии, анорексија, проблеми со спиењето и други психолошки пречки кои влијаат врз функционирањето на личноста на секојдневна основа.
Закажувањето е едноставно и многу поволно, за почеток се препорачува иницијална средба во живо со цел воспоставување на однос кој ќе се гради врз меѓусебна доверба и доверливост.

logo-petar-pan-novo-smaller.fw_

Контакт информации:
075 426 946

Марија Стефанова
психолог, психотерапевт,
спец. по Менаџмент на човечки ресурси,
сертифициран обучувач на возрасни, тренер по Асертивност

ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр.72, 1000 Скопје
www.petarpan.mk

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...