Почетна / Рецепти / Омлет со јогурт

Омлет со јогурт

Сервирајте го на маса јадењето што вашите гости ќе го памтат, и со мала помош на нашите готварски вештини и рецепти покажете им колку добро знаете да готвите.

Состојки:

  • 2дл Balans + јогурт
  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 2 гр прашок за печиво (прстофат)
  • 1 л зејтин
  • 20 гр путер
  • 1 лажица мешани зачини
  • сол

Подготовка:

  • Јогуртот помешајте го со јајца, брашно и прашок за печиво и оставете да одстои 10 минути.
  • Додајте малку зачини и малку сол.
  • Во тава растопете го путерот со маслото заедно а потоа испечете ја припремената смеса.
  • Пробајте да не мешате веднаш, туку кога ќе се запечи долната страна превртете го целиот омлет со помош на готварска лопатка, баш како палачинките.

Се служи топло!

Совет: Освен солено можете да припремите сладок омлет така што наместо  зачини, ќе додадете 2 лажици мелени ореви и малку шеќер.

Проверете и

Енергетски десерт- бомбици со урми и Spirulina Pacifica

Енергетски бомбици со Spirulina Pacifica – вкусен рецепт со здрави намирници Она што ќе ви ...