Почетна / Совети за здравје / Omega-3 – Масти кои живот значат

Omega-3 – Масти кои живот значат

Природен концентрат на молекуларно дестилиранo рибино масло со фармацевтски степен на квалитет.

ms-diet-omega-3-6-575x262

Што е Omega-3?

Omega-3 е есенцијална масна киселина (EFA), позната и како полинезаситена масна киселина (PUFA). Масните киселини се неопходни за целокупното здравје и се есенцијални за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Наречени се есенцијални бидејќи организмот не може да ги создаде самиот (мора да се добијат од храната или додатоците во исхрана), дел се на секоја жива клетка во организмот и се неопходни за обнова на постоечките клетки и создавање на нови клетки.

Omega-3 масните киселини од рибата се директен извор на EPA и DHA, додека маслото од семе од лен дава алфа-линоленска киселина (ALA) која потоа мора да се конвертира во EPA и DHA. Човечката ензиматска конверзија на ALA во EPA и DHA е бавна, максимум само 15% од ALA може да се конвертира во EPA и 5% може да се конвертира во DHA. Стилот на живеење и здравствените влијанија кои може да ја спречат конверзијата се: исхрана богата со Omega-6, транс масни киселини и заситени масти, консумирање алкохол, недостаток на некој од витаминските и минералните кофактори (витамин Б3, Б6, Ц, цинк и магнезиум), дијабетис и нарушена имунолошка функција.

omega3 (1)

Полезности

Научните истражувања ја нагласуваат важноста на внесување Omega-3 кои се “добрите” масти важни за клеточното, срцевото и метаболичкото здравје. Omega-3 масните киселини влијаат на растот, виталноста и менталната состојба и се вклучени во претварањето на хранливите супстанци во употреблива енергија која потоа ја транспортираат низ целиот организам.

  • Превенција од кардиоваскуларни заболувања, срцев и мозочен удар и коронарно артериско заболување
  • Игра клучна улога во оддржувањето на здрави нивоа на холестерол и триглицериди, нормализирање на крвниот притисок и здраво отчукување на срцето
  • Превенција и третман на артеросклероза (спречува развој на талог и згрутчување на крвта, со што се затнуваат артериите)
  • Ја намалува болката, чувствителноста во зглобовите и укоченоста наутро кај луѓето со реуматоиден артритис и остеоартритис
  • Помага да се складира калциум во коските и да се зајакнат коските
  • За здрава кожа и коса, против псоријаза, изгореници и акни
  • За дијабетичари (ги намалува триглицеридите и го зголемува HDL, без негативено влијание на контролата на шеќерот)
  • За трудници и доилки (за нормален и здрав развој на мозокот, очите и нервниот систем на бебето)
  • Игра клучна улога во функцијата на мозокот, трансмисијата на нервни импулси, како и нормалниот раст и развој, мислење и однесување
  • За добро расположение и ментално здравје; против депресија и недостаток на внимание и концентрација
  • Макуларно оштетување, чир, менструални болки и грчеви, за слабеење, мигрена, Алцхајмерова болест, рак на дебелото црево, простата и градите, астма, Кронова болест, шизофренија и панични напади

Fish-Omega-3

Изберете квалитетен производ – NOW молекуларно дестилирана Omega-3

  • Природен концентрат на рибино масло произведен под ригорозни стандарди за контрола на квалитетот со мулти-патентиран процес на производство, без хемикалии или прекумерна топлина.
  • Единствена молекуларно дестилирана (се употребува дестилација со кратка патека каде масните киселини се сепарираат според нивните молекуларни тежини во специјална вакумска комора).
  • Без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма на триглицериди.
  • Фармацевтски степен на квалитет тестиран во независни лабаратории за отсуство на сите загадувачи од околината (нема диоксини, жива, пестициди или тешки метали).
  • Ексклузивна и извонредна суровина. Рибините масла на NOW се прават од необработено масло добиено од сардела, сардини и скуша кои ги исполнуваат строгите барања за квалитет. Овие брзо-растечки видови се преферирани, бидејќи се ниско на ланецот на исхрана и природно содржат ниски нивоа на примеси.
  • Поддржано со интезивни научни истражувања и клинички студии кои се вршат на различни научни институции и универзитети ширум светот.

 omega-3

Состав: Концентрат од природно рибино масло (180 EPA/120 DHA).

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната, земете 2 капсули 1-3 пати дневно со храна. Консултирајте се со својот доктор бидејќи есенцијалните масни киселини можат да ја намалат крвната вискозност и не се препорачуваат ако употребувате крвни разредувачи, земате високи дози на аспирин или ве очекува операција.

Достапно во пакување од 100 капсули од 1000 mg.

ТРИМЕКС Дооел
ул. Иван Милутиновиќ бр.36
1000 Скопје
тел./факс: 02 / 32 46 000
e-mail: info@trimeks.com.mk

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...