Почетна / Совети за здравје / Omega-3 – масти кои живот значат

Omega-3 – масти кои живот значат

 

Што е Omega-3?

Omega-3 е есенцијална масна киселина (EFA), позната и како полинезаситена масна киселина (PUFA). Масните киселини се неопходни за целокупното здравје и се есенцијални за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Наречени се есенцијални бидејќи организмот не може да ги создаде самиот (мора да се добијат од храната или додатоците во исхрана), дел се на секоја жива клетка во организмот и се неопходни за обнова на постоечките клетки и создавање на нови клетки.

Која храна содржи Омега 3 масни киселини?

Selection food sources of omega 3 and unsaturated fats. Super food high omega 3 and unsaturated fats for healthy food. Almond pecan hazelnutswalnuts olive oil fish oil salmon and avocado on stone background .

Omega-3 масните киселини од рибата се директен извор на EPA и DHA, додека маслото од семе од лен дава алфа-линоленска киселина (ALA) која потоа мора да се конвертира во EPA и DHA. Човечката ензиматска конверзија на ALA во EPA и DHA е бавна, максимум само 15% од ALA може да се конвертира во EPA и 5% може да се конвертира во DHA. Стилот на живеење и здравствените влијанија кои може да ја спречат конверзијата се: исхрана богата со Omega-6, транс масни киселини и заситени масти, консумирање алкохол, недостаток на некој од витаминските и минералните кофактори (витамин Б3, Б6, Ц, цинк и магнезиум), дијабетис и нарушена имунолошка функција.

Полезности

Научните истражувања ја нагласуваат важноста на внесување Omega-3 кои се “добрите” масти важни за клеточното, срцевото и метаболичкото здравје. Omega-3 масните киселини влијаат на растот, виталноста и менталната состојба и се вклучени во претварањето на хранливите супстанци во употреблива енергија која потоа ја транспортираат низ целиот организам.

  • Превенција од кардиоваскуларни заболувања, срцев и мозочен удар и коронарно артериско заболување
  • Игра клучна улога во оддржувањето на здрави нивоа на холестерол и триглицериди, нормализирање на крвниот притисок и здраво отчукување на срцето
  • Превенција и третман на артеросклероза (спречува развој на талог и згрутчување на крвта, со што се затнуваат артериите)
  • Ја намалува болката, чувствителноста во зглобовите и укоченоста наутро кај луѓето со реуматоиден артритис и остеоартритис
  • Помага да се складира калциум во коските и да се зајакнат коските
  • За здрава кожа и коса, против псоријаза, изгореници и акни

dobri-i-losi-masti

Природен концентрат на молекуларно дестилиранo рибино масло

со фармацевтски степен на квалитет.

  • За дијабетичари (ги намалува триглицеридите и го зголемува HDL, без негативено влијание на контролата на шеќерот)
  • За трудници и доилки (за нормален и здрав развој на мозокот, очите и нервниот систем на бебето)
  • Игра клучна улога во функцијата на мозокот, трансмисијата на нервни импулси, како и нормалниот раст и развој, мислење и однесување
  • За добро расположение и ментално здравје; против депресија и недостаток на внимание и концентрација
  • Макуларно оштетување, чир, менструални болки и грчеви, за слабеење, мигрена, Алцхајмерова болест, рак на дебелото црево, простата и градите, астма, Кронова болест, шизофренија и панични напади

Изберете квалитетен производ – NOW молекуларно дестилирана Omega-3

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...