Почетна / Совети за здравје / ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ И ПРОБЛЕМАТИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ И ПРОБЛЕМАТИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

Резултатите од новите студии објавени во списанието Journal of Child Psychology and Psychiatry откриваат дека омега 3 масни киселини би можеле да имаат влијание врз намалувањето на агресивноста и антисоцијалното однесување кај децата.

Во студијата учествувале две групи на деца, во возраст од 8-16 години.

Во текот на 6 месеци додека траело истражувањето, една група консумирала овошен сок кој секојдневно децата ги снабдувал со 1 грам омега 3 масни киселини од рибино масло, додека втората група консумирала сок без додаток на масни киселини (плацебо).

На почетокот на судиите и 12 месеци покасно, родителите пополнувале прашалници за проценка на однесувањето на нивните деца, а исти прашалници пополнувале и самите деца. Прашалниците ги проценувале зачестеноста на агресивното и антисоцијалното однесување, однесувањето поврзано со депресија, анксиозност и изолираност.

Кај група на деца која добивала омега 3 масни киселини забележано е дури 42-62% подобрување во однесувањето.

Иако авторите укажувале на некои недостатоци во студијата, заклучено е дека овие позитивни резултати би требало да го поттикнат понатамошно истражување на потенцијалната улога на омега 3 масни киселини кај намалувањето на зачестеното проблематично однесување.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...