Почетна / Совети за здравје / Одлична формула за кожата, косата и ноктите

Одлична формула за кожата, косата и ноктите

Слободните радикали се главните непријатели за изгледот на секоја личност кои го забрзуваат процесот на стареење. Се работи за група на атоми кои го ослабуваат имунитетот и го поттикнуваат развојот на бројните инфекции и развој на сериозни болести. Постојат различни облици на слободните радикали против кои се борат одредени супстанци во организмот на секој човек. Но како и тие понекогаш не се доволни потребно е и да се помогне и на друг начин.

Природата нуди голем број на состојки кои помагаат кај постигнувањето на поубав изглед, било да се работи за кожата, косата или ноктите. Екстрактите на семките од грозјето и кората од бор се познати антиоксиданси за кои е познато дека имаат дваесет пати посилно делување отколку витаминот Ц и витамин Е.

Токму тие антиоксиданси го штитат колагенот од штетата кои можат да нанесат слободните радикали и затоа се сметаат за најдобри сојузници на кожата. Колагенот е важен за поздрави мускули, очи, забит и за рскавицата.

Селенот и  цинкот се главните јунаци во подобрувањето на изгледот на кожата, косата и ноктите. Потребно е да се знае дека со недостигот на било кои од овие елементи косата изгледа безживотно, без сјај, ноктите пукаат, а кожата станува преосетлива..

Здравата кожа и очи произлегуваат од редовната конзумација на храна која обилува со витамин А и бетакаротен. Со помош на бројните истражувања се дојде до сознание дека витаминот А е посебно делотворен во војната против одредени видови на рак, како што е ракот на устата.

Витаминот А го има во млечните производи, морковот, јајцата, тиквата и спанаќот.

Добро е да се знае дека бетакаротенот се смета за претходник на витаминот А, што значи дека со влегувањето во организмот се претвора во витамин А со помош на работата на одредени ензими. По тој процес се задржува во облик на резерва во џигерот, се додека на организмот не му затреба витамин А.

Витаминот Ц е користен во создавањето на колаген и нови ткива. Поред тоа заштитува од различни видови на рак и од кардиоваскуларни заболувања.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...