Почетна / Фитнес и аеробик / Нови вежби против стресот

Нови вежби против стресот

За подобро снабдување со кислород: Раширете ги рацете, дланките свртете ги надолу и вртете се околу себеси во насока на часовникот 12 пати. Забавете на крајот на секој круг. Ако ви се сврти во умот, седнете и одморете се малку, а кога ќе ви помини, продолжете.

За затегнување на стомачните мускули: Легнете на грбот, рацете ставете ги до телото, а дланките поставете ги на земја. Исправете ги нозете, кренете ги и влечете ги кон главата, не го кревајте грбот од земјата. Вратете ги во првобитна исправена положба и повторете ја вежбата 10 пати.

За подобро расположение:  Наведнете се потпирајќи се на ножните прсти, со рацете на бутините, а главата ние:исправете ја. Додека вдишувате воздух главата туркајте ја наназад, а додека издишувате одите со главата напред.

За опуштање на рбетот: Легнете на стомак, рацете испружете ги пред телото. Вдишете го воздухот и полека кревајте го горниот дел од телото сè додека не почувствувате како се затегнуваат мускулите на задникот. Рамената мораат да бидат под прав агол. Во таа положба останете 10 секунди и, издишувајќи го воздухот полека спуштајте се надолу.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...