Почетна / Рецепти / Нови идеи за ручек на брзина

Нови идеи за ручек на брзина

Три нови идеи за брз и вкусен ручек за сите презафатени домаќинки кои имаат малку време да припремат оброк за домашните. Пробајте…

ЗАЧИНЕТО ПИЛЕШКО

ПОТРЕБНО Е:

5 лажици маслиново масло, 800 грама пилешки бааци и карабатаци, 100 грама кромид, 50 гр панчета или сланина, 3 чешниња лук, 50 мл бело вино, 100 мл доматно пире, 1 лажичка копар, 450 грама смрзнат грашок, 400 грама компири, сол, бибер, суви зачини, насечкан магронос.

ПОДГОТОВКА:

На загреано масло пропржете го пилешкото. Месото извадете го, а во маслото додајте го кромидот, лукот,. Потоа додајте ја сланината и виното со доматното пире. Вратете го пилешкото во садот со суви зачини. Продолжете со динстање, со додавање на вода по потреба околу пет минути. Додајте копар, грашак и насечкан компир. Динстајте околу 20 минути додека зеленчукот не омекни. По потреба посолете  и побиберете и посипете со исечкан магдонос.

МЕДИТЕРАНСКИ ОРИЗ

ПОТРЕБНО:

1 чаша (150 мл) ориз, 1 главица кромид, 1 чешне лук, 1 домат, 1 конзерва туна, копар, 50 гр тврдо сирење, малку грашок, неколку маслинки, рузмарин, сол, вегета, пола кесичка пармезан, маслиново масло.

ПОДГОТОВКА:

Оризот сварете го во солена вода. Додека оризот се вари, насечкајте ги на коцки кромидот, лукчето и доматот, а копарот сечете го на пола за вксот подобро да се осети. Крупните парчиња туна иситнете ги со нож. На масло пржете ги кромидот, лукот, доматот а потоа додајте го грашакот, туната и маслинките, зачинете. После кратко динстање додајте го копарот и варениот ориз. Тргнете ги од оган, додајте ситно исечкано сирење и пармезан и све добро измешајте.

ОСЛИЧ СО КРОМИД

ПОТРЕБНО:

800 гр ослич, 5 главици кромид, 3 чешниња лук, 100 мл масло, 50 мл вода, сол, црн бибер, кришки лимон или лимета.

ПОДГОТОВКА:

Осличот добро исчистете го, посолете го и премачкајте го со масло. Пресечете ги по должина на парчиња од околу 10 см. Во сад за печење со средна големина ставете го претходно исечканиот кромид. Додајте ги и сечканите чешниња лук одозгора врз рибата. Ставете зејтин и вода во садот. Рерната загрејте ја на 200 степени и печете околу 30 минути. Во текот на печењето рибата свртете ја и од другата страна за рамномерно да се испече.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...