Почетна / Здравје и исхрана / Нова кампања „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“

Нова кампања „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“

Хрватската фармацевтска компанија ПхармаС почна нова кампања за подигнување на свеста за здраво детство, насловена како „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“, поддржана од ПРОБаланс.

Како продолжување на пролетната кампања „Немате време да бидете болни“, оваа есенска кампања е насочена кон едукација на најмладите и нивните родители како да се хранат здраво, што значи здравје и како да го одржуваат своето здравје.

„Низ едукација и интеракција со стручни лица и маскотата на компанијата ФармаСко, дечињата ќе добијат појасна слика што се бактерии и кои се добри, односно кои се лоши бактерии. На интересен и интерактивен начин ќе се претстават најзначајните „добри бактерии“ Lactobacillus и bifidobacterium, додека по едукацијата, дечињата преку боење и цртање, ќе претстават што научиле и како ја доживуваат маскотата ФармаСко“, вели Кирил Пецевски од ПхармаС.

Според заштитното лице на ПРОбаланс, Светлана Црнокрак, една од клучните работи во есенскиот период е потребата од континуирано одржување на здравјето и имунитетот.

„Периодот на променливи временски услови, како и подолгиот и зачестен престој во затворени простории, намалената физичка активност и нездравата исхрана се причините за појава на заболувања кај нас и особено кај нашите дечиња. Тоа резултира со намален имунитет и користење на антибиотици, но мое „оружје“ за одржување на здравјето на целото семејство е здравата исхрана, честите излети на свеж воздух, физичките активности и подобрување на имунитетот со комбинација од пробиотици, витамини Ц и Д како и минералот цинк“ вели Црнокрак.

1

Таа додава дека „како мајка на дете кое оди во градинка се соочува со истите предизвици како и секој родител и затоа ги користи сите можни ресурси за одржување на здравјето“.

„Во оваа кампања акцент ставаме на здравјето на дечињата. Во пресрет на сезоната на настинки, вируси и намален имунитет, сакаме да ги едуцираме дечињата и нивните родители како сами можат да си помогнат и да го одржуваат своето здравје и кога се надвор од своите домови: во градинка, игротека или во други простори“, вели магистер Филип Ачкоски, регионален директор на ПхармаС за Македонија, Бугарија , Албанија и Косово.

Во наредните месеци, од страна на стручните претставници на ПхармаС, заштитното лице и маскотата ќе се организираат едукативни средби и дружења со најмалите во предучилишните образовни установи низ Републиката, едукативни и информативни работилници, како и едукативни дебати и семинари кои ќе бидат отворени за целата јавност и за сите заинтересирани граѓани.

Следните активности во рамки на кампањата „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“ ќе бидат објавени на фан страната https://www.facebook.com/zidnazdravjetopharmas/

Проверете и

НЕГУВАЈТЕ ГО ЗДРАВЈЕТО – Омега киселини за поздраво срце

Знаци за недостаток на омега масни киселини се: брзо заморување, сува кожа, опа”ање на косата, ...