Почетна / Здравје и исхрана / Невообичаени лимонади за летно освежување!

Невообичаени лимонади за летно освежување!

Високите температури избркајте ги со освежителни лимонади! Еве три рецепти со кои можете да ја смените обичната лимонада и да направете блага варијанта за најмалите, но и интересни напивки за малку повозрасни!

Лимонот е лек за се! Се наоѓа на самиот врв на намирниците кои содржат најмногу антиоксиданси. Благодарение на лимонската киселина ги неутрализира токсините и нивното делување, го забрзува разградувањето на мастите и ја подобрува асимилацијата на хранливите состојки. Лимонот содржи селен и витамини Ц и Б, го зајакнува имунолошкиот систем и го забавува стареењето.

Во текот на летните горештини освежете се со студена лимонада, а доколку ова напивка постојано ја подготвувате на ист начин, еве како можете да ја измените.

1. Лимонада со јаготки  

Убавината понекогаш се наоѓа во едноставноста … две три состојки, пет минути време и лимонадата со јаготки е веќе подготвена. Она што е супер е што можете да додадете повеќе јаготки, помалку лимон, повеќе шеќер … како Вас Ви одговара. Играјте се со количествата, додадете коцка мраз за потполно доживување и уживајте!

2. Лимонада со мраз и шумско овошје   

Ова освежителна напивка можете да те да ја подгответе со шумско овошје или со овошје по Ваша желба, а со додаток на вотка ќе добиете идеална напивка за жешките летни ноќи! Пробајте и јавете ни како Ви се допаѓа!
3. Жестока лимонада со боровинка   

Доколку барате лимонада за возрасни имаме вистинска напивка за Вас: лимонада со вотка и боровинки. Рецептот е едноставен и потребни Ви се малку состојки. Овој коктел е идеален за жешките летни денови кои ги поминувате со пријателите.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...