Почетна / Активен живот / Неуромедика се екипира за новата Болницата

Неуромедика се екипира за новата Болницата

Неуромедика со забрзано темпо се подготвува за новата Болницата. Изградбата е во втора фаза и активно се работи на градежното земјиште на ул. Јордан Мијалков бр. 62. Се очекува за 12 месеци да биде завршена градбата и да се направат првите прегледи во новите простории.

Менаџментот на Неуромедика започна со екипирање на персонал за Болницата. Покрај досегашниот врвен медицински кадар, Неуромедика се засили со три врвни доктори Проф. Д-р Миодраг Врчаковски, Прим. Д-р Тодор Ношпал и Спец. Д-р Дамчевски.

Проф. Д-р Миодраг Врчаковски е лик кој што долговреме е во нашето здравство и како професор и како лекар од областа на неврорадиологијата. Од 1985-та година се бави со интервентна неврорадиологија и практично тој е основоположник на неврорадиолошките процедури во земјава, како на пример имболизации на хиперваскуларните тумори на мозокот, имболизација на малформации на крвните садови во мозокот и емболизација на мозочни аневризми, а сето ова претставува дел од почетоците на неврологијата. Со најсовремената невро-дијагностика во Неуромедика и експерти како Проф. Врчаковски и невропсихијатарот Проф. Д-р Методи Чепреганов се очекува Неуромедика да стане регионален центар за дијагностика и третман на болести од областа на неврологијата.

Прим. Д-р Тодор Ношпал – ортопедски хирург се приклучи на врвниот медицински тим на Neuromedica во одделот за ортопедија. Д-р Ношпал е експерт за имплантација на тотални протези на колк и колено. Субспецијалист за детска ортопедија со ехосонографија, тотални ендопротези на зглобови (примарни и ревизиони), трауми на локомоторен апарат, коскено банкирање. Со прецизната радиолошка дијагностика (магнетна резонанца, компјутерска томографија и ултразвучна дијагностика) одделот за ортопедија има капацитет да поставува експертска дијагноза на проблемите кај локоморниот систем и соодветно да интервенира и/или да одреди физикална терапија.

Спец. Д-р Никола Дамчевски – гинеколог акушер и специјалист за ин витро оплодување и стерилитет. Д-р Дамчевски има долго искуство во полето на гинекологијата и акушерството во јавното и приватното здравство со бројни успешни ин витро оплодувања и породувања. Во Неуромедика во одделот за гинекологија се прават сите гинеколошки дијагностичко-терапевтски процедури и иследувања (ултразвучна дијагностика 3D/4D, ПАП тест, колпоскопија, контрацепција, амбулантски интервенции и третмани, рано откривање и следење на бременост, скрининг на аномалии, приска тест и др.).

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...