Почетна / Совети за здравје / Neuromedica Есенски Стручен состанок 2014

Neuromedica Есенски Стручен состанок 2014

“Neuromedica Есенскиот Стручен состанок 2014” се одржа на 14.10.2014 од 12.00 часот во Конгресната сала на Соборниот храм “Св. Климент Охридски” – Скопје. Целта на овај Стручен состанок беше докторите од Неуромедика да го споделат своето акадeмско, стручно и професиnaлно знаење и искуство на своите колеги-доктори. Ова е прв Стручен состанок и почеток на многуте кои ќе следат. Идејата е Стручните состаноци на Неуромедика да постанат традиција, да има два годишно, еден Есенски и еден Пролетен. На овие стручни состаноци планирано е да се презентираат сите научни и практични новитети во медицината, да се презентираат нови методи на лекување, нови научни достигнувања и секако ретроспектива на сработеното. Се надеваме дека овие Стручни состаноци ќе прераснат во нешто поголемо и дека ќе постанат привилегија за учество на секој доктор. Овај пат предавачи се само доктори од Неуромедика, но планот за во иднина е да има предавачи и од други здравствени институции со што би се зголемил квалитетот и разноврсноста на темите. Стручниот состанок беше поддржан и акредитиран од Лекарска комора на Република Македонија со 6 бодови за предавачите и со 4 бодови за слушателите.

Предавачи и теми на овај Стручен состанок беа:
1. Проф. Д-р Методи Чепреганов специјалист невропсихијатар и епилептолог на тема “Стресот и Ние” – Репетиториум и кратка променада
2. Проф. Д-р Глигор Џолев специјалист ортопед на тема “Современи дијагностичко-терапевтски можности во лекување на дегенеративните заболувања на зглобовите во амбулантски услови”
3. Прим. Д-р Добрила Андоновска специјалист по пластична и реконструктивна хирургија на тема “Пластична, реконструктивна и естетска хирургија во Неуромедика”
4. Прим. Д-р Мирослав Спасовски специјалист дерматовенеролог на тема “Тераписки одговор на базоцелуларен карцином кон локално аплициран 5% Имиквимод”

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...