Почетна / Здравје и исхрана / Немате време да купувате ? Од сега достава на органска храна до вашата домашна адреса

Немате време да купувате ? Од сега достава на органска храна до вашата домашна адреса

Доколку живеете во Скопје, немате време да купувате свежа храна поради различните обврски, а би сакале да се храните со здрава органска храна, тогаш не грижете се -BeOrg ви овозможи порачка на свежа органска храна и достава веднаш до вашиот дом (за Скопје).

Што ова значи?

Доколку сте од Скопје, ќе имате единствена можност свежата храна наместо да се мачите да ја купувате, да ја добиете на својата куќна адреса по пат на достава.

Што можете да порачате?

Доставата на органски продукти ќе ги опфаќа следните производи : органска келераба, пиперки, цвекло, домати, магдонос, тиквици, младо кромидче, блитва, брокула, моркови и многу други свежи и вкусни Македонски органски производи.
(Актуелната понуда следете ја и активно на официјалната страница на социјалните медиуми на BeOrg: https://www.facebook.com/beorg.mk  )

Кога се вршата нарачките?

Нарачките ќе можат да се прават за Скопје во Понеделник, Вторник, Среда и Петок до 16 часот, а доставата ќе се врши од 17- 20 часот истиот ден. Цената на достава до сечиј дом ќе изнесува 70-110 денари во зависност на оддалеченоста на вашиот дом.
Нарачките можете да ги правите на следните телефонски броеви:078/850-335 078/334-771 077/632-573, заклучно од Понеделник 22 Јуни 2015.

орг

Зошто?

Овој концепт на работа доста функционира во Европските земји и Америка и како тренд време беше да се појави и кај нас. Сите знаеме колку време одзема одењето на пазар, а уште повеќе колку време одзема пронаоѓањето на соодветна свежа храна .
Традиционално по нашите пазари органската храна ја има малку, затоа BeOrg реши да го револуционизира и поттикне производството, потрошувачката, и достапноста  на  органската храна до сечија трпеза.
Свежата органска храна е одличен извор на нутриенти, а  уште подобро е кога од наше Македонско производство, со што се гарантира незината свежина.

Продавница за органска храна

За да обезбеди органска храна на сечија трпеза продавницата на BeOrg започна да работи активно, секој ден Понеделник-Петок (освен Четврток кога се релоцира на Органскиот Базар) на ул. Апостол Гусларот бр.50 позади поликлиника Млин Балкан.
Актуелната понуда на производи можете да ја следите на официјалната страница

Органски Базар 
Секој Четврток, во SKOPJE CITY MALL, под покровителство на BeOrg, сите граѓани ќе може да ја збогатат својата трпеза со органска храна, купувајќи од Органскиот Базар. Органскиот Базар е локација на здравјето, место каде што ќе може да се купи здрава и органска храна, сите производители и посетители на едно место. Хармонијата од природата пристигна и на трпезата и кошничката во секое семејство.

orgask

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...