Почетна / Совети за здравје / НЕКРОТИЗИРАЧКО ВОСПАЛЕНИЕ НА НАДВОРЕШНО УВО (Otitis externa maligna)

НЕКРОТИЗИРАЧКО ВОСПАЛЕНИЕ НА НАДВОРЕШНО УВО (Otitis externa maligna)

На оваа тема пишува Спец. Д-р. Маринела Малинова специјалист по оториноларингологија во Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА.
Дефиниција: Тешка прогредиентна инфекција на Meatus acusticus externus (надворешен ушен канал) која напредува примарно кон темпоралната коска и околните коскени структури зафаќајки ја базата на черепот. Се јавува примарно кај имунокомпромитирани пациенти, особено постари луѓе со diabetes mellitus, каде што претходи самонанесена или јатрогена траума на МАЕ. Најчест предизвикувач на ОЕМ претставува Psudomonas aeruginosa во скоро 95% од случаите. Ова е грам негативна аеробна бактерија од родот на Pseudomonas species.

Kомпликација на otitis externa се јавува претежно кај постари луѓе кои имаат над 60 г., но се јавува и кај сите возрасни групи со diabetes mellitus или друга болест што го компромитира имуниот систем. (AIDS, малигнитет, изложеност на хемотерапија, долготрајна употреба на кортикотерапија, хипогамаглобулинемија итн.). Почесто се јавува кај мажи отколку кај жени.

Клиничка слика: Воспалителен процес на мекото ткиво во МАЕ налик на “пливачко уво”. Се јавува почесто во топли и влажни климатски услови. Вообичаено иницијален тригер фактор е траума најчесто самонанесена со стапчиња со памук или пливање во базенска вода со висока концентрација на халогени.

Пациентот со otitis externa (воспаление на надворешно уво) се жали на јака болка и пречувствителност при секое допирање на аурикулата (ушката). Болката се влошува навечер. Обично присутна е пурулентна отореа (гноен исцедок), заедно со облитерација на МАЕ.

foto 03

Облитерацијата (стеснување) на МАЕ се јавува поради едем. Како резултат на ова се јавува намален слух и (или) чувство на исполнетост во увoто.

Пациентите со остеитис на базата на черепот имаат и други екстрааурикуларни манифестации:
-теморална главоболка
-цервикална лимфаденопатија
-trismus (поради зафатеност на АТМ)
-иритација на m.masseter
-болка при мастикација, можна дисфагија

Дијагноза:
Анамнеза: – Имунокомпромитирани пациенти; – Податок за микротраума во каналот (чепкање во памучно стапче) или пливање во базен.

Клиничка слика: – јака оталгија, особено навечер; – пурулентна отореа; – отоскопски наод на специфично гранулационо ткиво во каналот; – m.tympani е обично интактна; – темпорална главоболка; – висока температура и треска не се вообичаени; – Неуролошки статус: да се испитаат кранијалните нерви од V дo XII; – Ментален статус: детериоризацијата укажува на интракранијални компликации.

Лабораториски испитувања: – Покачена седиментација на еритроцити (SE). Во просек 87mm/h, но често е и над 100mm/h, и претставува корисен индикатор во процесот на третман. Зошто? Затоа што почнува да паѓа 2 недели после иницијалната терапија, но потребни се повеќе месеци да се врати во нормала. Покачената седиментација може да се користи и во диференцијалната дијагноза бидејќи акутниот отитис медиа и малигнитетите на МАЕ не даваат покачена седиментација.

Микробиолошко испитување: -Испитувањето на секрет од МАЕ да се направи пред почетокот на било каква антибиотска терапија, во спротивно бактериите можат да станат резистентни за време на антибиотскиот третман.

Хистопатологија: -Круцијален доказ е биопсијата на гранулационото ткиво од МАЕ и негова хистопатолошка верификација (HPDG). Во исто време DDg се исклучува карцином или друга етиологија.

Imaging методи:
-CT scan:
-Коскено скенирање со technitium Tc99 medronate metilen dyphosphonat:
-Сцинтиграфија со galium citrat Ga67:
-MRI so gadolinium:

Третман:
1. Корекција на имуносупресијата
2. Локален третман на МАЕ
3. Долготрајна системска антибиотска терапија: Обично се комбинираат 2 антибиотика од 2 различни групи. Пр:Пеницилин+аминогликозид (karbenicillin+amikacin); (ticracillin+gentamicin); Флуорокинолон+цефалоспорин (ciprofloxacin+ceftazidim)
4. Хируршки третман во одредени случаи
5. Хипербарна комора

Превенција:
Ризичните групи на пациенти треба да бидат советувани да избегнуваат манипулација на МАЕ (т.е. да не користат стапчиња за чистење на уши, за отстранување на церумен). Чистењето на церуменот од каналот да биде со иригација од страна на медицинско лице, при што треба да се внимава да се избегне повреда на тенката кожа на каналот. Екцматозните промени во каналот треба да бидат решавани правовремено, со локална апликација на лекови како би се намалил или спречил пруритусот, а на тој начин би се превенирало и чепкањето во каналот. Да се избегнува капење во затворени води.
foto 02

Непрвилна тоалета на МАЕ

foto 01

Правилна тоалета на МАЕ

Матичните лекари и други лекари кои обезбедуваат медицинска заштита на имунокомпромитирани пациенти, треба да бидат предупредени за можноста од развој на ОЕМ кај пациенти кои имаат перзистентна оталгиа, пурлентна отореа и не реагираат на адекватната терапија за otitis externa. Во тој случај пациентот треба што побргу да се упати на преглед кај специјалист оториноларинголог како би можело ова, и во денешно време тешко заболување, да биде навреме дијагностицирано и третирано.
Спец. Д-р. Маринела Малинова е дел од врвниот тим на Поликлиника Неуромедика. Неуромедика е прва приватна поликлиника во Р.Македонија која успешно работи веќе 23 години. Таа им овозможува примарна и секундарна здравствена заштита на своите пациенти во своите 7 поликлиники. Поликлиничко-дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во Скопје (Центар и Влае), Битола, Тетово, Куманово, Штип и во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 100 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Во оторинолариголошката амбуланта во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА може да се извршат следниве дијагностички процедури:
1. Општ ОРЛ преглед: отоскопија, предна риноскопиа, орофарингоскопиа (преглед на уши,преден сегмент на нос и грло);
2. Аудиометрија (меренје на слух);
3. Fibernasopharyngoscopia (преглед на задниот дел на носот, отворите на синусите и epifarynx: евалуација на трет крајник кај деца);
4. Стробоскопија (евалуација на ларингеални структури и гласни жици);
5. Аспирација на секрет од нос;
6. Инхалации;
7. Земање на брис од нос и грло;
8. Отстранување на туѓо тело од уво, нос и грло;
9. Дијагностика и третман на алергиски ринит.

foto 07

 

 

 

 

 

 

Спец. Д-р. Маринела Малинова
Специјалист по оториноларингологија
Поликлиника НЕУРОМЕДИКА
02/3 133-313
www.neuromedica.com.mk
https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...