Почетна / Активен живот / НЕКА ВАШИТЕ РАЦЕ СОЗДАВААТ ПРАЗНИЧНА МАГИЈА!!!

НЕКА ВАШИТЕ РАЦЕ СОЗДАВААТ ПРАЗНИЧНА МАГИЈА!!!

Сите сакаме да ја прославиме Новата година и Божик во убаво уреден дом, а уште поубаво доколку креативните декорации ќе ги сработиме сами.

Нова година и Божик се наближуваат – полека се планираат дружењата, дочекот на Новата година, Бадниковата вечер и Божиќните ручеци… Но можеби најголемата радост, посебно за најмалите, преставува украсување на елката, украсување на домот, дворот, балконот. Сите сакаме празниците да ги прославиме во убаво уреден дом, а уште поубаво е доколку креативните декорации ги изработивме сами. Постојат многу убави идеи и декорации кои  преставуваат никаков или минимален трошок. Се што е потребно е да го вложите Вашето слободно време, добра волја и креативност. Разбудете го детето во себе и создавајте, а доколку Ви треба инспирација можеби ќе ја најдете во овој текст.

Новогодишната елка е неизоставен украс во секој дом, но освен што не мора да биде голема, не мора да имате само една елка. Би можеле да имате неколку елки во секоја простории – минијатурни, симпатични, убави и невообичаени. Се што ви е потребно за такви елки се кукулички и неколку поголеми пластични затварачи кои ќе ги набоите и кои ќе служат како подлога за Вашета минијатурна елка. Кукуличката можете да ја набоите во зелена или златна боја, свртете ја со врвот нагоре и украсете ја со панделки, мониста, светки.

Искористете ги старите сијалици, набоите ги во бело, намачкајте ги со лепак и украсете ги со светки, нацртајте им очи, нос, уста, петлици и веќе е готов снешко! Ваков украс ќе биде весела декорација на елка, а доколку сакате снешкото да ви биде на маса и тоа е можно. Пронајдете стари бели чорапи. Сечете го делот каде што е стапалото (тоа ќе биде капа на снешкото) а од преостанатиот дел од чорапот ќе направиме тело на дедо мраз. Едниот крај од чорапот врзете со конец, свртете го однопаку, полнете со ориз, врзете повторно со конец за да добиете топче, додадете уште ориз и добро врзете на врвот на главата. Ставете му капче, додадете петлици, искористете стара ткаенина за шалче … Преубав снешко е готов за половина час!

Кога ќе почнете го средувате Вашиот домот, погледнете околу себе и не фрлајте веднаш се што ќе Ви дојди при рака, можеби нешто ќе Ви послужи како украс – верувајте ни дека во Вашата мечта е скриена вистинска празнична магија!

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...