Почетна / Совети за здравје / НЕКА ВАШАТА ПРАЗНИЧНА ТРПЕЗА БИДЕ ЗДРАВА!

НЕКА ВАШАТА ПРАЗНИЧНА ТРПЕЗА БИДЕ ЗДРАВА!

Празничната трпеза со мрсни и тешки јадења кои се богати со шеќер и маснотии, секако дека нема да одговара на Вашиот организам. Навиката да се подготвува многу јадења, мрсни салати со мајонез и павлака, различни торти и колачи е силен удар на Вашето здравје, но исто така и на буџетот. Наместо да се дружиме и да бидеме задоволни, се чувствуваме лошо и после празниците буквално ни треба опоравување од прејадување.

Ве советуваме да подгответе вкусен мени во склад со следните принципи:

Одличен избор е чорба од зеленчук, риба, компир салата, колачи без чоколадо или медењаци. Наместо кафе Ве советуваме да пиете чаеви со додаток на мед.

Во сите денови на празниците е тешко да се одолее на големиот избор на храната на трпезата иако знаеме дека прејадувањето може да предизвика болки во желудникот, пореметување во работата на жолчката, надуеноста, диареја и повреќање.

Токму се тие најчести здравствени последици од прејадување и внесување на храна која тешко и долго се вари, што е случај со готово сите јадења кои традиционално се наоѓаат на нашата празнична трпеза.

За да празниците не Ви се претворат во лекување поради преголемиот внес на храна, бидете пред се умерени. Секако избегнувајте ја солената храна, благи колачи со премногу шеќер и алкохол. Божикната и празничната трпеза може да биде полесна и поздрава, а во исто време да биде вкусна.

 

 

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...