Почетна / Совети за здравје / Нека утринскиот појадок Ви биде императив!

Нека утринскиот појадок Ви биде императив!

Прескокнување на утринскиот појадок го пореметува вообичаениот ритам помеѓу оброците и бидејќи го обновува нивото на шеќер во крвта каде концентрацијата на шеќерот се намалува во текот на ноќта, неговото прескокнување лошо влијае на здравјето.

Пред се јаглените хидрати за тој оброк треба да содржат влакна

Екстра совети:

  • На амбалажата кај храната задолжително проверете ги состојките и калориите.
  • Доколку се определите за утрински појадок надвор од домот и заедно со тој појадок нарачате и кафе, имајте во предвид дека кафето кое се служи во многу кафулиња и ресторани е нездраво, високо калорично со висока концентрација на заситени масти.
  • За утринскиот појадок избегнувајте ги месните преработки. Повеќе од нив, како што е сланината и колбасите, се поврзани со ризик од болести на срцето, рак на дебелото црево и дијабетес тип 2. Многу е битно тие производи да не бидат секојдневно на Вашата трпеза.
  • Ако сте здрави, едно јајце за утрински појадок не може да ви смета. Меѓутоа, зголемено внесување на таквата храна го зголемуваат ризикот за појавување на срцевите заболувања.
  • Со утринскиот појадок изберете го овошјето отколку сокот, затоа што свежото овошје содржи повеќе влакна
  • Нека Ви стане навика да за утринскиот појадок користете блендер: можете да го комбинирате овошјето, пченкарни никулци, јогуртот и ќе имате вкусен и здрав појадок.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...