Почетна / Совети за здравје / Научете да ја користете солта

Научете да ја користете солта

Можеби мислевте дека солта се користи само за да се подобри вкусот на храната, меѓутоа користа од солта е далеку поголема.

Спречува потемнувањето на овошје и зеленчукот –  овошјето и зеленчукот потопете ги во сад со солена вода. Со ова постапката Вие спречувате овошјето и зеленчукот да потемни додека подготвувате јадење во кујната. Класичен пример: кога ги лупите компирите, излупените компири веднаш ставете ги во сад со солена вода за да не добијат потемна боја додека ги лупите.

Пилинг и дезодоранс – солта е одлична за пилинг на кожата, а посебно е добра морската сол. Може да се користи и како дезодоранс доколку имате проблем со непријатната миризба на нозете. Истриете ги малку нозете со сол, за да ги уништете мртвите клетки, а потоа ќе почувствувате како нозете Ви се помеки и помазни.

Ги намалува отоците од каснувањето на инсектите – доколку Ве касни пчела или комарец или некој друг инсект веднаш натопете ја крпата со солена вода и ставете да поседи малку на кожата. Со ова ќе се намали иритацијата и болката.

Орална хигиена – со комбинирањето на солта со сода бикарбона ќе добиете органска паста за заби. Со солената вода ќе го дезинфицирате грлото и ќе го освежите здивот.

Солта како средство за чистење – како што е добра за пилинг на кожата, солта е добра и за чистење на бигор во мијалникот, кадата и за вадење на мрсни флеки од садовите и тенџерињата. Со малку сол, вода и физички напор тенџерињата повторно ќе бидат како нови. Ќе бидете изненадени од крајниот резултат.

Солта ги вади флеките и на ткаенините – потопете ја ткаенината со флека во солена вода и бидете сигурни дека и најупорните флеки ќе ги снема. Ефикасна е и за вадење на флеки од крв и од вино кои инаку многу тешко се вадат. Ќе се елиминира и непријатниот мирис од потта на Вашите алишта, доколку во перењето користете солта. Во детергентот додадете малку сол за да алиштата бидат посветли и посвежи.

Непријатна миризба од одводите – во Вашиот дом се чувствува непријатната миризба која се шири од мијалникот или садоперата. Турете во одводот солена вода и миризбата ќе ја снема. Ако тоа не дава ефект турете жешка солена вода, а ако и тоа не дава ефект викнете го водоводџијата.

Вадење на флеки од мебелот –белите кругови на дрвениот мебел настануваат кога ќе го ставете топлото јадење или чаша без пред тоа да го ставете подметачот. Направете мешавина од сол и вода и со ова можете да ги извадите флеките, а потоа ставете средство за полирање на мебелот за да го вратите сјајот.

Солта го чува сирењето од расипување и мувла – ставете го сирењето во солена вода за да го запрете создавањето на мувла. Ова е техника која ја користат производителите на сирење во целиот свет.

Ги одржува боите – кога ја миете постелнината или гардеробата во првите неколку перења додадете една четвртина мала шолја сол, за да шарената ткаенините не ја пуштат бојата. Оно што е добро во ваквата постапка на миење е тоа што долго време откако ќе престанете да додавате сол, бојата на алиштата  и понатаму ќе остани постојана.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...