Почетна / Совети за здравје / Насмевка на лице!

Насмевка на лице!

Кажуваат дека, животот ни е онаков какви ни се мислите. Затоа не си дозволувајте да бидете намуртени, лути, депресивни. Размислувајте позитивно!

Психолозите врз основа на долгогодишни искуства направија листа на неколку работи кои веднаш можат да Ви го поправат расположението.

Обојте го животот

Луѓето во различни животни периоди имаат и различни омилени бои. Понекогаш тоа може да биде црвена, а во друг период жолта или портокалова. Боја на гардеробата, исто така влијае на расположението. Жолтата ја преставува моќта и снага и секако позитивно ќе влијае на Вас. Доколку не Ви омилена, носете ја во деталите.

Цвеќе

Исполнете го Вашиот простор со цвеќе. Стручњаците кажуваат дека има нешто убаво во тоа да малку од природата внесете во Ваш дом. Цвеќето помага луѓето да се чувствуваат поживо и го исполнуваат просторот со позитивна енергија. Изберете сончоглед или орхидеја, а ружата оставете некој да Ви донесе за поклон.

Слики од драги луѓе

Сликите Ви дават перспектива за тоа како изгледате кога сте среќни и во друштво со драги луѓе. Можат да влијаат на расположение, па е добро со себе секогаш да носете некоја смешна или драга слика која ќе Ве насмее и расположи.

Размислувајте за блиските луѓе

Бег во мечтата е одличен начин да го поправете расположението. Ако се во текот на бурен ден во момент сетете на некоја смешна ситуација со Вашето дете, Вашата мајка кога секогаш Ве подржува во се или некое интересно патување, расположението веднаш ќе Ви се поправи.

Сварете чај

Наместо кафе, сварете чај, и тоа по можност камилица или нане бидејќи ваквите чаеви се добри за луѓе кои се чувствуваат нервозно или живеат во постојан стрес.

Капка етерско масло

Мирисот на етерското масло може да делува смирувачки, а во зависност од ситуацијата изберете некоја арома која Ви одговара и која сигурно ќе Ве расположи и релаксира. Додека сте на работа, мирисајте ги цитрусите, а лавандата мирисајте ја во Вашиот дом.

Запалете мирисна свеќа

Освен што создава релаксирана и опуштена атмосфера, свеќите верувале или не влијаат на расположението. Мандарина, портокал, лимон или јаболко и цимет совршени се за добро расположение.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...