Почетна / Здравје и исхрана / Нашите лековити билки, нашето зелено злато
Urtica dioica

Нашите лековити билки, нашето зелено злато

Листот од коприва и листот од глуварчето, претставуваат извонредна и здрава храна, но потполниот ефект од нивното користење се надополнува и со нивната голема лековита моќ, затоа примањето на храна од ова растение истовремено значи и нега на здравјето но и силна природна превенција против многу заболувања. Овие лековити билки мора да бидат составен дел на секоја домашна аптека, но истовремено кога почнува пролет тие се меѓу првите растенија кој ја започнуваат својата вегетација, затоа секое одење во природа треба да го искористете да наберете, а после тоа успешно да ги исползувате.

КОПРИВА (Urtica dioca)

Копривата е лековито растение богато со хлорофил, има многу минерални материи и тоа калциум, магнезиум, калиум, силициум, железо, фосфор. Од витамините застапени се витамин К, Ц, А Б2 и Б5.

Копривата е здрава храна и уште подобар лек. Од римско време, кога масовно се користела како лек, па до денес, се користи како зачин, како исхрана и како чај за ногу заболувања. Најнапредда истакнеме декакопривата е еден од најдобрите лекови против слабокрвност, односно за лекување на анемии. Лековитоста доаѓа од присуството на железо, фолна киселина, витамин Ц и хлорофил. Копривата е многу добар лек за спречување на крварења, односно се користи како хемостатик. Ефектот се должи на витаминот К, витаминот Ц и танините. Копривата делува на бубрезите, го стимулира мокрењето и е многу добар лек против зголемена простата. Се користи и против стомачни болки и за подобрување на функцијата на црниот дроб. Гликокининот го намалува шеќерот во крвта, па копривата е убаво да ја користат дијабетичарите. Копривата ги намалува и мастите во крвта, а делува и како антисклеротик. Чајот од коприва се употребува за прочистување на организмот. Локално лековите од коприва се користат против опаѓање на косата, против првут и за лекување на ревматски заболувања. артирит, артроза и ишијас.

Преку подобрувањет на крвната слика копривата ја намалува главоболката која е последица на анемија. Помага при ангина пекторис, која се јавува, исто така, како последица на анемијата. Не само што го јакне организмот, го јакне и срцевиот мускул.

Копривата е еликсир на животот.  Чај од коприва се подготвува така што  супени лажици се ставаат во половина литар врела вода и се остава да отстои два часа. Потоа чајот се пие на два пати. Може да се подготви и со ладна вода кога две супени лажици од листот се ставаат во половина литар вода и треба да стојат 12 часа. Се пие двапати на ден. Коприва можат да користат и возрасни и деца.

 

ГЛУВАРЧЕ (Taraxacum officinale)

Глуварчето е една од најраспространетите билки во природата, но во многу земји се култивира бидејќи се користи и како специјалитет во исхраната. Лековито е целото растение (корен, лист, цвет и стебло). Листовите се обираат пред да процвета растението, коренот во пролет и есен, а стеблото за време на цвет.

Глуварчето се смета за едно од најдобрите растенија за прочистување на организмот од наталожение токсини во организмот. Лековитоста доаѓа од богатиот состав на витамини од групата Б, витамин А, Ц и Д, Флавоноиди, танини, калиум, цинк, магнезиум, железо и друго.

Во терапевтски цели се користи во форма на чаеви, сок, сируп, а од листовите се прави многу вкусна лековита салата.

Меѓу позначајните докажани лековити дејства на глуварчето се :

  • Го подобрува варењето на храната и е добар лек за пациенти кои страдаат од желудечни и тегоби во цревата.
  • Докажан и ефикасен лек за заболувања на црниот дроб како што се цироза, жолтица, камен во жолчка и воспаленија на жолчно ќесе.
  • Ја прочистува крвта и го намалува нивото на “лошиот” холестерол
  • Ги ублажува ревматските болки
  • Ги прочистува мочните патишта па заради тоа има и благопријатно дејство на мочниот меур и бубрезите.

Чај од глуварче

Чај од корен се приготвува на тој начин што една кафена лажичка сув иситнет корен се става во половина литар вода да проврие 10 минути. Чајот се пие 4 пати по половина чаша. Од надземниот дел чајот се подготвува како инфуз, односно една супена лажица листови и цветови се прелеваат со чаша врела вода, се остава да кисне 10-15 минути се процедува, се засладува со мед и се пие 4 пати дневно по 100мл.

gluvarce1111

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...