Почетна / Совети за здравје / Народни лекови за имунитет – природни лекови за пречување на настинки

Народни лекови за имунитет – природни лекови за пречување на настинки

Како да го зајкнете својот имунитет?
Имуниот систем го штити организмот од појава на различни болести и обезбедува природен обрамбен механизам кој спречува болести и обезбедува градење на природниот штит на организмот. Намалувањрто на стресот и редовната физичка активност помагаaт во зајакнувањето  на имунолoшкиот систем , а најголем ефект  се постигнува  со внесување на храна која може да го заштити организмот од болести.  Разноличната исхрана која вклучува во изобилие овошје и зеленчук (витамини и антиоксиданси) во најголема мера ќе допринесе за ефикасност на имунолошкиот систем.
Најголеми непријатели на имуниот систем  во организмот се слободните радикали.  Тие ги оштетуват здравите ќелии и доведуваат до мутација, што како последица  може да допринесе до појава на сериозни болести како канцер. Заштитините материи од храната  (антиоксидансите) може да ги спречат слободните радикали.

Антиоксиданси
Еден од најсилните антиоксиданси е витамин C, го стимулира имуниот систем како што се намали влијанието на слободните радикали. Диетите во кои витаминот C е застапен во поголема мера се поврзани со намален ризик за развој на канцер на желудник, дојки , црева и простата. Кај пушачите нивото на витамин С е намалено затоа што овој супстрат се троши за спречување на оштетувањата кои настануваат под дејство на штетните материи од чадот. Затоа кај пушачите се препорачува зголемен внес на овошје и зеленчук богати со витамин С.

Друг многу битен антиоксиданс е витаминот Е кој ги намалува симптомите на стареење и ги зајакнува клетките кои се борат против инфекции. Луѓето кои консумираат храна богата со витамин Е или консумираат суплементи, имаат дополнително оружје против бактерии и вируси. Добри извори на Е витамин се растителните масла и целозрнести житарки.
Каротеноидите се антиоксиданси кои помагаат во зајакнувањето на имунитетот, влијаат врѐ производството на лимфоцитот, а лимфоцитите се важни во борбата против инфекции. Најбогат извор на каротеноиди се црвеното, жолтото и портокаловото овошје и зеленчук (тиква, домат, портокали, …)Еден од најбогатите антиоксиданси на светот е астаксантинот кој се препорачува да се консумира како суплемент во исхраната.

Имуниот систем добива сила од минералите кои се неопходни за креирање на ќелиите во организмот. Најважен од минералите за имунитетот е цинкот кој влијае врз зголемување на бројот на брамбени клетки- лимфоцити. Со цинк богати се семките од тиква, црвеното месо, пченички никулци итн. Сепак од минералите е препорачливо  со селенот да не се претерува, тој е достапен во рибите, житните зрна, оревите итн.

Дали знаевте дека човековиот организам постојано е под напад на вируси?
Овие напади доаѓаат од неговата околина како контаминирана храна, воздух кој содржи вируси како и оштетена кожа во која може да навлезат микроорганизми. Во организмот ќелиите стареат и мутираат а овие клетки се опасност по здравјето па затоа имунолошкиот систем ги остранува од телото. Имунолошкиот систем е тој што нам не штити од микроорганизми, бактерии, вируси, паразите и токсини.

Зошто доаѓа до пад на имунитетот и кои се предзнаците кои можат да се забележат по телото?

Честите инфекции, пушењето циграри, недоволниот сон, неправилната исхрана, долготрајната употреба на антибиотици, стресот, загадената животна средина, тешката физичка и ментална работа може да влијаат врз пад на имунитетот. Токсичните материи акумулирани во воздухот, водата растенијата и скоро во се околу нас , влијаат на таков начин што ги заслабнуваат нашите обрамбени способности а ослабениот организам тешко ги поднесува ваквите животни услови.
Секој има периоди кога има заслабен имунитет , често ги игнорираме знаците кои телото ни ги покажува а тоа доведува до развој на болести.

Послушајте го својот организам

Доколку се соочувате со чести преладувања (повеќе од 4-6 пати годишно)или од обнови на хронични болести како бронхитис, херпес на усните , алергии се само дел од заболувањата кои го напаѓаат имуниот систем.

Што е потребно за посилен имунитет?

– витамин Ц (портокали, мандарини, лимони, цитрони, лимети, грејпфрут)
– лук
– Алое Вера
– пчелини производи (мед, матичен млеч,
– лимон и мед
– чаеви со мед  и лимон
– да пиете помалку кафе
– помал внес на шеќери
– протеини
– свежо овошје и зеленчук

За крај намaлете го стресот и дозволете си ги себе нештата кои ги сакате.
Некогаш позитивната енергија помага во подобрување на општата доборсостојба. Поминете драгоцено време со пријателите, заминете на масажа, припремете топла купка, расположението е поврзано со добрата здравствена состојба.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...