Почетна / Рецепти / Направете лесно – јадете здраво!

Направете лесно – јадете здраво!

Ви предлагаме вкусна и здрава чорба со зеленчук, и незаменливата пита со компири па не се сомневаме дека Вашето семејство ќе ужива во дегустацијата.

Витаминска чорба

Потребно Ви е: 1 лук, 1 праз, 1 целер, 2 моркови, 1 пиперка, 2 лажици павлака, 2 лажици брашно, 1 јајце, 6 цветови карфиол, 6 цветови брокула, сол, масло

Подготовка: Измијте го убаво зеленчукот и сварете го во солена вода, во која додадовте масло. Зеленчукот извадете го од водата и испасирајте го во блендер. Изматете го јајцето, додадете го брашното, павлаката, сол и се добро измешајте. Смесата турете ја во зовриена вода во која што се варел зеленчукот и оставете да врие уште пет минути.

Пита со компир

Потребно Ви е: 500 грама готови кори за пита, 5 компири, 1 кромид, 10 грама путер, 100 милилитри минерална вода, прашок за печиво, сол, црна пипер, масло

Подготовка: Излупете го компирот на тркалца и варете го во солена вода. Исцедете го варениот компир, изгмечете го, додадете путер, ситно исечканиот и испржениот кромид, додадете сол и црна пипер. Првата кора испрскајте ја со масло, втората со мешавината на кисела вода и прашок за печиво, а на третата ставајте го филот и виткајте во триаголници. Постапката повторувајте ја се додека не го истрошите материјалот па редете ги триаголниците во подмачканата тава. Печете на 200 степени околу 35 минути.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...