Почетна / Совети за здравје / Нане, природен лек за многу болести

Нане, природен лек за многу болести

Чај од нане (Mentha piperita) има секое домаќинство, најчесто поради пријатниот вкус и мирис. Дали знаете колку е лековита? Скоро да нема болест која нането не ја лекува!

Една од најпознатите лековити билки од нашето поднебје е нането. Без оглед на тоа што е коров, потполно е сигурна за употреба и е многу добро средство за смирување на различни здравствени тегоби, а уз сето тоа има пријатен вкус.

Лекува грчеви, нервоза во желудникот, алергии … Во минатото, чај од нане се користело како средство во борбата против глисти, за намалување на нагонот за повраќање, против колера, болка во увото и крвавиот секрет од белите дробови. Денес чајот од нане се употребува како помошно средство за намалување на симптомите на лошото варење: грчеви, надуеност, нервоза во желудникот, надразнати црева, повраќање. Може да ги олесни менструалните тегоби, да помогне кај воспалението на слузокожата во устата, а како облик на инхалатор поволно делува на дишните патишта и често се препорачува како средство против несоница. Облогите од нане се користат за уморни и црвени очи.

Нането може да се користи и за подобрување на апетитот. После шолја чај, чувството на глад се запира на кратко време, но потоа апетитот се зголемува. Поради тоа на оние луѓе кои сакаат да ја зголемат телесната маса се препорачува да половина час пред јадење испијат шолја чај од нане.

Освен како чај, нането можете да го најдете во облик на апчиња, тинктури, етерични масла, бомбони за смирување на болки во грлото. Делувањето е исто или слично.

Чај за опуштање

Нането од секогаш се користело за лекување на настинки и во тоа е многу успешно, но ефикасно е и за смирување и за зајакнување на нервите. Комбинирано со рузмаринот и маточината ја зголемува психичката отпорност и ја лекува емотивната нестабилност. Чајот се подготвува така што се меша истата количина на овие три билки и една лажица од ова мешавина се попарува со една шолја зовриена вода и се остава да поседи 10 минути. Се пијат три шолји дневно, најдобро пред јадење.

Против пролив и болести на органите за варење

Се прави мешавина од нане и камилица во еднаков сооднос. Три големи лажици од ова мешавина се попарува со половина литар зовриена вода и се остава да поседи два часа, па потоа се процедува чајот. Овој чај можат да го пијат и децата.

Против несоница

Во 60 грама хмељ (Humulus lupus) додадете 20 грама нане и исто толку маточина (Melissa officinalis), измешајте го сето ова, па од ова мешавина земете три големи лажици и попарете ги со половина литар зовриена вода. Поклопете го и после два часа процедете го и пијте го чајот голтка по голтка.

Исто така е ефикасно ако се измеша по 10 грама нане и валеријана ( Valeriana officinalis) и ова мешавина да се попари со 2,5 децилитри зовриена вода. Да се пие пред спиење.

Против мигрена

Пет капки етерично масло од нане накапете на коцка шеќер. Ова ефикасно делува против вртоглавица, мигрена, главоболка и мачнини.

Нането, освен како лековит чај се користи и како зачин за различни јадења, посебно за јадења со месо и месо од дивеч.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...