Почетна / Совети за здравје / Намирници против умор

Намирници против умор

И вие се осеќате изнемоштено, уморно и ништо не ви се прави?! Не посегајте по енергетски пијалоци. Пробајте на здрав начин со некоја од овие намирници да ја вратите својата енергија.

Спанаќ

Постои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамини К (за коски), лутеин ( за очи), а некои истражувања покажаа дека помага и на мускулите за време на вежбање. Во него има и многу железо, што значи дека може да ве “подигне” кога сте уморни.

Сок од портокал

Витаминот Ц помага при произведување на карнитин, кој маснотиите ги претвора во енергија. Една чаша сок од портокал плус малку овошје и зеленчук (пиперка, брокула, јагода) и ќе пукате од енергија.

Банани

Уште едно магично овошје полно со хранлив материи. Бананата ви дава енергија и ве одржува стабилни вас и нивото на шеќер во крвта.

Јајца

Протеините од јајцата особено оние од белките, помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата

Грчки јогурт

Кремаст десерт кој ќе ви пружи двојно повеќе пртеини од обичниот јогурт, што ќе ви помогне да го одржите нивото на енергија.

Киноа

Оваа намирница кај нас е запоставена, а може да се набави во сите дуќани за здрава исхрана. Нејзините комплексни јаглехидрати го одржаваат високо нивото на шеќер во крвта, што значи енергијата нема нагло да ви падне.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...