Почетна / Здравје и исхрана / Намирници кои смеете да ги јадете на вечер

Намирници кои смеете да ги јадете на вечер

Колку пати ви се случило да бидете гладни на вечер или во глува доба иако знаете дека после 19ч не е добро да се јаде? Паѓате во искушение да направите сендвич или да земете грицки, но вашиот режим на здрава исхрана ве спречува во тоа, па на крај одите во кревет гладни. Сето тоа не мора да биде така! Постојат намирници кои ќе ве заштитат, и нема да афектираат врз вашата витка линија или сон.

Овесна каша

Докажано е дека јаглените хидрати ослободуваат серотонин кој го смирува мозокот. Една порција овесна каша со млеко е најдобар избор пред спиење.

Сок од цреши

Едно истражување од 2011 година покажа дека две чаши дневно сок од цреши наутро и навечер го зголемува нивото на мелатонин кој придонесува за поквалитетен сон.
Топло млеко 

Чаша млеко е стар рецепт за добар сон. Освен што содржи аминокиселина триптофан што е поврзано со спиењето, овој пијалок добро делува на нашата психа.

Јаткасто вошје

Јаткастото овошје е полно со магнезиум кој го смирува мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадеми, ореви и кикири се само неколку плодови кои секогаш треба да ги имате во домот. Но важно е со нив и да не се претерува бидејќи содржат многу калории.

Нискокалорично сирење

Кога станува збор за сон, калциумот многу слично делува како магнезиумот. Стручњаците препорачуваат околу 50 грама сирење дневно кое можете да го комбинирате со крекери.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...