Почетна / Совети за здравје / Намирници кои го елиминираат лошиот здив

Намирници кои го елиминираат лошиот здив

Со ваквиот начин на исхрана ќе се однесуваме кон нашето тело адекватно. Ова е храна која е преполна со живот и енергија, храна која најмногу одговара на човечкото тело. Меѓутоа сепак постои одредени видови на билки кои најмногу влијаат на свеж здив. Да видиме кои се тие:

ЈАБОЛКО

Јаболката ги четкаат бактериите на забите и помагаат да се отсрани остатокот на храната кој може да се најде помеѓу забите ( тие предизвикуваат лош здив ). Најдобар начин за консумирање е свежо јаболко ицечено на парчиња.

НАНЕ

Исто како и јаболкото, џвакањето на листови на нането моментално ќе го освежи здивот на Вашата уста. Најдобар начин на консумирање: додадете нане во се што ќе јадете.

БОСИЛОК

По нането, листовите од босилек е следната најдобра опција за свежиот здив. Џвакањето на лисјата од босилек ќе Ви помогне да се ослободите од лошиот здив. Најдобар начин на консумација: директно

ЦИТРУСИТЕ

Цитрусите, како што се портокал и лимон, имаат кисел ефект кој помага да се отстранат дамките од Вашите заби. Тие исто така ги отстрануваат бактериите кои предизвикуваат лош здив. Најдобар начин на консумација: свежо цеден сок од портокал или лимон.

ЦИМЕТ

Циметот е многу ефикасен зачин кој помага да се решите од лошиот здив. Џвакањето на парчиња цимет секој ден ќе Ви помогне. Доколку не сакате директно да го консумирате циметот, можете со него да го исперете грлото: помешајте го со вода. Најдобар начин на консумирање: измешајте цимет во чаша вода и додадете лажица мед.

МОРКОВ

Недостиг на плунката предизвикува собирање на бактерии во устата а со самото тоа и лошиот здив. Морковот може да помогне да се произведе плунка и да се решите од бактерии. Најдобар начин на консумирање: салата од морков.

ШУМСКОТО ОВОШЈЕ

Шумското овошје, како што се капинка, брусница, јаготки, боровинка и малинки не се само вкусни плодови – тие се богати со витамин Ц кој помага во борбата против бактерии кои предизвикуваат лошиот здив. Најдобар начин на консумирање: додадете го шумското овошје во овошни салати.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...