Почетна / Активен живот / Намалување на вишокот килограми со вода

Намалување на вишокот килограми со вода

Според истражување спроведено на Универзитетот во Бирмингем, многу е важно да внесувате и по половина литар вода пред секој оброк.

Во ова истражување учествувале 84 личности кои имаат проблем со тежината. Во текот на 12 недели, тие консумирале поголемо количество вода пред јадењето, додека пак 43 од нив добиле упатство да почнат со јадење замислувајќи дека желудникот им е веќе полн.

12294845_928696090553886_6946263649104092573_nРезултатите покажале дека оние кои пиеле повеќе вода пред сите три оброка, во текот на истражувањето изгубиле околу 3, 4 килограми, додека пак оние со замислениот полн желудник околу 0,8 килограми.

Научниците заклучуваат:

„Убавината во ова откритие е токму едноставноста. Ако пиете вода пред оброкот, ќе ги изгубите вишокот килограми. Доколку ова правило го почитувате покрај физичката активност и здравата исхрана, без сомнение ќе изгубите и многу повеќе. Оваа навика навистина не е тешка за стекнување во нашиот бурен живот.“

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...