Почетна / Совети за здравје / Намалете ја зависноста од кафето: заменете го со зелен чај, пијте многу вода, движете се

Намалете ја зависноста од кафето: заменете го со зелен чај, пијте многу вода, движете се

Премногу кофеин во текот на денот може да Ве направи да бидете нервозни и мрзоволни. Доколку буквално ни еден ден не може да помине без кафе, изгледа дека станавте зависник од кофеинот. Знаеме дека кафето е вкусно, но може да биде итекако штетно доколку се консумира во преголеми количества.

Дали знаевте дека премногу кофеин во текот на денот може да Ве направи да бидете мрзоволни и нервозни? Па тогаш како да се детоксирате од ова навика? Во зависност од количеството на кофеинот кој го внесувате во себе на дневна база, првите промени би требало да почнете да ги чувствувате веќе по 7 – 10 дена.

1. Пијте многу вода   

Вода, посебно веднаш по будењето, е сјаен начин да го подигнете нивото на енергијата. При тоа зборуваме само за чаша вода или две непосредно по станувањето, а резултат – налет на енергија – би требало да биде видлив веднаш.

2. Зелен чај   

Заменете го кафето со зелениот чај, затоа што тој исто така содржи кофеин , но во помали количества. Исто така, утринското пиење на шолја чај, ќе го замени ритуалот на пиењето на кафе.

 3. Светлост

Одржувајте го Вашиот работен простор проветрен и со што повеќе светлина. Општо е познато да светлоста му помага на телото да разбере дека е време за будење.Поточно, светлоста на Вашиот мозок му помогне да се разбуди, дури и без кофеин.

4. Раздвижете се   

Како најдобро да го надополните падот на енергијата, кој секако ќе го имате? Најдобар начин е вежбањето. Доколку немате доволно време, битно е да започнете ден со било какво движење, како например пешачење до работното место, што немора да биде по целиот пат.

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...