Почетна / Фитнес и аеробик / Намалете го стомакот со вежби

Намалете го стомакот со вежби

Стомакот е камен – темелник на телото кое е во форма. Стручњаците за физичка култура истакнуваат дека единствената  вистинска можност да добиете стомачни мускули е да ги следите програмите на тренинг кои покрај вежбите со тегови вклучуваат и кардио вежби, со редуцирано и правилно јадење. Како и кај секого и вашите мускули се прекриени со слој на сало и само што не се атрофирани од секојдневно лежење и физичка неактивност. Не обрнувајте внимание на  препаратите за намалување на килограми и на машини и справи кои ви ветуваат стомачни мускули од соништата бидејќи сè што ќе ви биде потребно е рамната површина. Секоја вежба треба да се направи со најголем интензитет и да се фокусирате на контракција на стомачните мускули.

  1. Со партерни вежби многу брзо ќе добиете цврст и мускулест стомак. Вам ви треба само малку место на подот во просторија каде што нема многу движење. Легнете на подот и свиткајте ги нозете кај колената. Рацете ставете ги зад главата и полека кревајте го горниот дел на телото кон колената. Она што треба да го знаете е дека додека се кревате, контрахирајте ги само стомачните мускули и да не влечите со рамената, вратот и грбот.
  2. За дефинирање на бочните мускули на абдоменот идеални се стомачни вежби со свиткување. Не е важно колку пати ќе ја направите вежбата туку како ќе ја направите. Фокусирајте се на бавните и контролирани движења.
  3. За долните стомачни мускули кои лесно се опуштаат и кај мажите и кај жените, одлична вежба е кревање нозе во лежечка положба. Вежбата правете ја полека, бидејќи во спротивно ризикувате при кревањето на нозете да го повредите долниот дел на рбетот.
  4. Ако висите на вратило, поткренете ги колената рамно и ќе ги ангажирате долните стомачни мускули. Ако нозете ги поткренете во страна ќе ги активирате меѓуребрените стомачни мускули. Сега кога знаете дека за тренинг ви треба само добра волја и желба да изгледате совршено, сè што треба е да се активирате.

Одлична вежба за активирање на  средните и долните стомачни мускули се секако стомачни вежби на коса клупа. На Скотовата клупа ќе можете да ги фиксирате нозете, а секоја контракција ќе можете да ја направите малку по малку менувајќи го аголот

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...