Почетна / Здравје и исхрана / Најздравиот домашен леб без брашно со јатки и семки

Најздравиот домашен леб без брашно со јатки и семки

Рецептот е доволен за 1 векна

Состојки:
1 шоља / 135g семки од сончоглед (претходно печени)
½ шоља / 90g ленено семе
½ шоља / 65g бадеми и лешници (претходно печени)
1 ½ шољи/ 145g овесни снегулки
2 лачици чиа семе
4 лажици афионово семе
1 лажица ситна сол
1 лажица јаворов сируп (за диети без шеќер додадете стевиа)
3 Tлажици стопено кокосово масло или маслиново масло
1 ½ шољи/ 350ml вода

Припрема:
1. Додадете ги сите суви состојки во еден сад и добро промешајте ги.
Измешајте ги заедно јаворовиот сируп, водата и маслото. Измешани додадете ги во состојките во садот.
Тестото треба да стане хомогено , но не премногу густо и тврдо, доколку е тврдо додадете малку вода.
2. Тестото префрлете го во правоаголен силиконски калап за печење на торта и оставете го да остои 2 часа покриено со крпа или пак можете да го оставите преку ноќ за повкусен да биде лебот.
3. Загрејте ја рерната на 180°C и печете ја векната околу 20 минутти.
Откако ќе печете 20 минути извадете го лебот од калапот и отпревртете го од другата страна и печете дополнителни 35 минути. лебот е печен кога ќе го допрете од горе да изгледа дека е шуплив внатре.
Пред да го исечете, лебот многу е важно комплетно да се излади.

4. Чувајте го во добро затворена најлонска кеса или пак затворен сад до 5 дена.
Овој леб може да се замрзнува во фридижер, но пред да го замрзнете исечете го на тенки кришки и одмрзнувајте колку што мислите дека ви е доволно.

Овој леб е одличен додаток во исхраната доколку сакате да се храните здраво, доколку имате одреден режим на здрава исхрана, или пак сакате да ја одржувате вашата идеална телесна тежина.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...