Почетна / Совети за здравје / Најефикасни природни лекови против уринарните инфекции

Најефикасни природни лекови против уринарните инфекции

Уринарните инфекции можат да се јават и кај мажи и кај жени, но почести се кај припадничките на понежниот пол. Вообичаени симптоми на уринарна инфекција се чести нагони за мокрење, печење при мокрењето, промена на бојата на урината, болка во долниот дел на стомакот, зголемена температура.

Ви преставуваме најефикасни природни лекови против уринарните инфекции:

Бреза       

Од сите делови на бреза за лековити намени најмногу се користат лисјата бидејќи имаат силно диуретичко делување. Посебно се препорачува за лекување на бактериските инфекции на уринарниот тракт. Доколку имате проблем со срцето или бубрезите, не смеете да пиете чај од лисјата на бреза пред да се консултирате со докторот.

Подготовка: една лажица листови од бреза се попаруваат со една шолја зовриена вода, оставете да поседи десетина минути, а потоа процедете го чајот. Пијте четири шолји дневно, помеѓу оброците. После пиење на чај задолжително испијте една шолја вода.

Брусница  

Брусница е ефикасна во лекувањето на различни воспаленија и инфекции, меѓутоа овие црвени бобинки станаја хит кога се открило нивното благотворно делување врз воспалението на уринарниот тракт кое е предизвикано од бактерија ешерихија коли. Ова бактерија останува и се задржува за ѕидот на уринарните канали, но благодарение на делувањето на брусницата спречува се незиното лепење за ѕидот па се по пат на урината полесно исфрлува од телото.

Подготовка: Во 0,5 литар вода варете 30 грама брусница додека половина течност не испари. Додадете една лажица мед и пијте три пати дневно по една шолја топол чај после јадењето.

Семки од диња    

Со оглед на делотворноста, семките од диња можат да се наречат чудотворни, бидејќи тие делуваат микробицидно врз опасната бактерија ешерихија коли.

Подготовка: Земете 12 до 15 осушени семки од диња и грицкајте ги како што го грицкате сончогледот или семки од тиква. Потоа излупените семки ставете ги во литар студена вода и варете ги се додека водате не испари и остане онолку вода колку за мала шолја за кафе (1 до 2 голтки). Варете секое утро и пијте пред јадење, штом ќе се разбудите минимум 15 дена.

Увин чај

Увин чај или мечкино грозје е билка која се користи за лекување на уринарни инфекции. Зелените листови имаат антибактериско делување и така ги уништуваат бактериите и вирусите.

Подготовка: една лажица увин чај се попарува со 250 милилитри зовриена вода и се остава да поседи 15 минути, се процедува и се пие чај без шеќер. Свежо подготвен чај се пије три пати дневно.

Магдонос        

Чај од магдонос е одличен за чистење на организам и исфрлување на прекумерната течност, а уз сето ова е одличен лек против уринарните инфекции.

Подготовка: Една до две лажици магдонос (доколку имате свеж магдонос уште подобро) или корен на магдонос ставете во шолја жешка вода и оставете да поседи 10 минути. Процедете и пијте додека чајот е сеуште топол. Пијте три шолји дневно, после јадење.

Пченкарна свила     

Во народната медицина пченкарна свила е позната како одлично средство за лекување на воспаление на уринарните канали. Освен тоа востановено е дека редовното пиење на овој чај предизвикура растворање на камењата и исфрлување на песекот од бубрезите.

Подготовка: Една лажица осушена пченкарна свила се става во 3 децилитри жешка вода. Варете три минути, поклопете, тргнете од оган и оставете го чајот да се олади. Пијте три пати дневно по една шолја чај.

 

 

 

Проверете и

Први симптоми на остеопороза

Остеопорозата е болест во која доаѓа до губење на коскената маса и без никакви симптоми. ...