Почетна / Совети за здравје / Најдобрите витамински напивки после тренингот

Најдобрите витамински напивки после тренингот

Доколку се занимавате со спорт и редовно тренирате, нутриционистите препорачуваат да после напорните вежби задолжително испиете вкусен витамински коктел, кој ќе помогне брзо да закрепнете и да ја вратите силата.

Пена од мед, бадем и млеко за регенерација

Овој коктел ќе Ви помогне да ги обновите мускулните влакна после тешките вежби кои ги ангажираат мускулите на одредените делови на телото, како што се велосипедизам или интензивен аквабик. После вежбањето на организмот му се потребни лесно сварливи протеини и шеќери.

Измешајте: 150 грама мелени бадеми, 1,5 децилитар млеко, 50 грама крем сирење, 2 лажици мед и лажица природен екстракт од ванила. Се измешајте за да добиете смеса со пења и испијте ја веднаш.

Морковот и лимонот ја елиминираат солта

После напорното трчање и аеробикот во текот на кои премногу се испотивте, со ова напивка ќе ја поттикнете работата на бубрезите и џигерот и ќе го забрзате исфрлувањето на токсините од организмот.

Измешајте: 2 децилитри сок од моркови и сок од еден лимон. Додадете капка -две есенцијално масло од грејпфрут и лажица мед, па се добро измешајте за да медот сосема да се стопи.

Грејпфрут против воспаление

За да го спречите воспалението на зглобовите и мускулите после напорните вежби, но и да го поттикнете производство на колаген во организмот, пијте ја ова напивка.

Измешајте: сок од еден грејпфрут со половина лажица ѓумбир во прав и лажица мед. Додадете вода по желба во сокот од грејпфрут и добро измешајте.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...