Почетна / Диети / Најдобрите намирници од вашата кујна за слабеење

Најдобрите намирници од вашата кујна за слабеење

Што е потребно да консумирате на дневна основа за да ја одржувате својата тежина и да го изгубите по природен пат вишокот на килограми?
Ова е едно од најчестите прашања кои ги добиваме затоа денес со вас споделуваме неколку совети кои веруваме ќе ви користат.

Која храна е најдобра за губење на вишокот на килограми?
Супер-храната е комбинација на храна чии нутритивни вредности освен во борбата потив килограмите ќе ви помогне во борбата против хронични болести, подобрување на метаболизмот, подобрување на видот, варењето на храната, подигнување на нивото на енергија, градење на посилни коски и подобар вид и концентрација.
BW2E12_black-bean-salad_s4x3Црн грав – најдобар извор на протеин кој можете да го добиете од растителен извор на храна. Една шоља варен црн грав во себе содржи 15 грама на протеин, не содржи  заситени масти што најчесто ги содржат другите извори на протеин како на пример црвеното месо.
За време на исцрпувачките пости наша препорака е почесто консумирање на грав како замена за месо поради одличната содржина на протеини неопходни за балансирана исхрана.
Протеините како што и веќе можеби знаете одлични се за слабеење затоа што помагаат во одржување на мускулната маса на телото, со нив ќе се чувствувате посити подолго време, ќе ви ја дадат потребната енергија и ситост, а вашето тело нема да акумулира масти.

Мал совет за оброк со црн грав: 1 шоља сварен грн грав измешајте ја со малку обарен грашок, пченка, половина свежо авокадо, свежа пиперка и домат. За прелив можете да искористите балсамико, маслиново масло, црн бибер и сол, но вкусот на оваа одлична пролетна свежа салата би бил одличен доколку измешате лимонов сок, лажичка мед и малку сенф , црн бибер и сол. На овој начин ќе добиете уште повкусна и полуксузна салата во која со сигурност ќе уживате.
steel-oats-fruit-berries1
Овес- богат со влакна кои ја подобруваат дигестијата и апсорбцијата на хранливи материи. Лесно заситуваат доколку ги комбинирате со свежо овошје. Една шоља соржи околу 4.6 грама корисни јаглехаглехидрати кои го поттикнуваат метаболизмот да започне со топењето на мастите.

Мал совет за оброк со овесна каша: 1 шоља овес оставете преќу ноќ во стаклен сад со врела вода чија содржина е 2 пати поголема од содржината на овесот. Наутро во содржината со овес додадете боровинки, неколку индиски ореви и свежо исецкана банана. Оброкот ќе ви ја даде потребната енергичност и ситост а богат е со здрави масни киселини и антиоксиданси кои помагаат во забрзувањето на метаболизмот и одржување на вашето здравје и чистење на токсините.
avocado-pasta

Авокадо– најдобриот начин за губење на масните наслаги од телото е консимирање на масти- здрави масти.
Најзначајната компонента на авокадото покрај растителните влакна и протеините е здравата монозаситена маст -олеинската киселина која помага при спречување на гладот. 1/4 или половина авокадо дневно за период од 1 месец значително помага при намалувањето на телесната маса.

Мал совет за здрав рецепт со авокадо: заменете ги класичните дурум тестенини со посни безглутенски тестенини или тестенини од хељда или црно брашно. Сварете ги. Направете свеж песто сос од малд кромид, 1 шоља свеж спанаќ, 1 излупено авокадо, малку лукче,сок од лимон, магдонос, сол, црн бибер, чили и зачини по вкус, изблендирајте и додадете крем павлака или малку вода од коцка зеленчукова супа.

lososЛосос– чист протеин кој ќе ве засити без консумирање на дополнителни масти или пак јаглехидрати.Оваа вкусна и здрава риба ги содржи сите здрави масти и е одличен избор пред било каков друг тип на месо.
Доколку сакате да ги изгубите килограмите до лето, црвеното месо или пак пилешкиот стек во вашата исхрана заменете го со лосос 1 -2 пати неделно. Малите промени во исхраната прават голема промена долгорочно врз иззгледот на вашето тело но и врз вапето целокупно здравје.

Совет за рецепт со лосос: лососот одличен е на скара со малку лимон, меѓутоа доколку би сакале да припремите вистински деликатес подгответе лосос во рерна. Изблендирајте кора од лимон, маслиново масо, малку јаворров сируп или мед со магдонос и црн бибер во зрна. Убаво нанесете ги врз лососот и печете на умерена температура со постепено превртување на рибата, Послужете ссо свежа салата со рукола, рендано јаболко, краставица и балсамико.
пилес


Брокула- сирова или обарена, брокулата е богата со силни антиоксиданси кои превенираат рак, богата е со влакна , содржи 30 калории по сервирање, а помага при слабеење.

Мал совет за рецепт со брокула: класичното пилешко со брокула во бел сос заменете го во малку поздрава верзија. Домашно пилешко месо од гради обарете го во бујон од коцка од супа, моркови и магдонос. Додадете малку обарена брокула и сос по желба.
Mango-Blueberry-Smoothie_PS_2
Брусница, боровинки, малинки, аронија- одлични антиоксиданси богати со влакна кои ќе го исчистат вашето тело од токсини ќе ги спречат габите и бактериите кои предизивикуваат габични инфекции и вируси.Чистењето на токсините е клучно за отпочнување на процесот на слабеење, подобрување на цревната флора и воедно и на варењето со што ефектот на подуен стомак се елиминира веднаш.

 Совет за рецепт : измешајте делумно замрзнати аронија, брусница, јагоди, банана, малинки со овошје по ваш избор и додајте чиа семе. Изблендирајте и послужете. Оваа комбинација одлична е како меѓуоброк, но без разлика на периодот кога ја пиете повкусна е од било кој друг пијалок а со сигурност ќе ви помогне во топењето на килограмите и во надополнување на потребните нутритивни вредности во здравата исхрана.citrus

Цитрусни овошја – грејпфрутот, лимонот, лиметата, цитронот, портокалот се одлични извори на влакна и витамин Ц. Витаминот Ц според бројни истражувања консимиран на дневна основа помага во слабеење. Започнете го својот ден со чаша вода со малку исцеден лимон , пред ручек направете чај од мента и лимон, а по ручекот изедете грејпфрут. Колку повеќе консумирате од овие овошја резултатите при слабеење се повидливи за брз временски период. Пијте 2 литри вода за да бидете доволно хидрирани, покрај телото, вашата кожа ќе резултира со подбар тонус, цврстина, еластичност а ќе делува подмладено и освежено.
ginger_lemonade_ingredients
Ѓумбир- ја подобрува дигестијата и е ваш одличен сојузник за слабеење. Ѓумбирот докажано делува при подобрување на дигестијата -варењето на храната затоа почесто користете го во солени јадења или пак изблендиран со лажичка мед пијте го како чај пред секој оброк минимално 4 чаши дневно. Тој помага и го остранува чуството на подуеност во стомакот а помага и при несоница, лошо варење и гадење.
ze
Кафе- кафето е намирица број 1 кога станува збор за слабеење. Тоа ја подобрува концентрацијата, меморијата, ве буди и прави ажурни а неговите состојки се одличен избор и природен топач на масти.
2 шољи каафе дневно се одлични за подобрување на концетрацијата и васкуларната функција.
Зеленото кафе е уште поздрав и подобар избор од печеното кафе затоа што во себе ги содржи здравите киселини кои не се уништуваат за време на печењето на класичното кафе кое се користи за пиење.

Балансираната исхрана е клучот за оптимално слабеење. Колку повеќе свежи производи, овошје зеленчук и салати консумирате во ваата исхрана а помалку преработени пакувани производи толку повеќе ќе успеете да ги постигнете посакуваните резултати.

Наша препорака за оптимално брзо и здраво слабеење е производот зелено кафе од Тримекс- генерален застапник на производите на NOW FOODS –водечки бренд за природни суплементи и додатоци во исхраната во светот. Производот се препорачува како додаток на исхрана и дава одлични резултати. Повеќе информации за производот добијте на следниот линк.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...