Почетна / Здравје и исхрана / Најдобрите јадења од италијанската кујна

Најдобрите јадења од италијанската кујна

Една од највкусните кујни во светот е токму италијанската! Како и другите медитерански кујни, и ова се засновува на тестенини, маслиново масло и зачински билки. Еве ги најдобрите јадења кои ни ги донесува Италија, а со задоволство и радост се јадат во целиот свет!

Брускети: Една од наједноставните и највкусните грицки кои ни пристигнале директно од Италија. Основата е препечениот тост, со босилек, домат и пршута, дури и со песто сос. Денес постојат илјада варијации, а без оглед што и да ставите на нив, омилено е предјадење во целиот свет.

Тирамису: Ова лесно и освежително благо е едно од најомилените во светот. Фантастичниот спој на кафето, бисквитите и крем сирењето не остава без здив!

Лазањи: Совршената комбинација на тестенини и месо, со додаток на бешамел сос. Толку богат вкус од кој секогаш ќе посакате уште една порција плус!

Шпагети: Не постои подобро и поблагородно јадење на светот од шпагетите? Зошто? Тие се вкусни, забавни и постојат во толку различни комбинации така да никогаш не можат да Ви бидат здодевни. Италијанците ги јадат готово секој ден.

Пица: Заслужено прво место во листата на најдобрите јадења на италијанската, можеби дури и на светската кујна. Најголем ″бренд″ на Италија и секако најсаканата храна во целиот свет. Богата е со вкусови и мириси, а ја обожаваат сите!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...