Почетна / Рецепти / Најдобриот појадок за смалување на бројот на килограми

Најдобриот појадок за смалување на бројот на килограми

Дали постои некоја намирница или чпудотворна состојка која предизвикува слабеење доколку се консумира наутро?

На ова прашање постои само еден одговор: протеин

Голем број на научни истражувања укажуваат на фактот дека високопротеински појадок како јајца, сланина го надминува појадокот со високасодржина јаглехидрати како житарките.
Ефектот на протеинот предизвикува чувство на ситост во текот на целиот ден , а притоа не го намалува нивото на енергија во телото.

Во своите последни истражувања, American Journal of Clinical Nutrition дошол до сознание дека луѓето кои консумираат високопротеински појадок консумирале помалку масти и шеќер за време на вечерта за разлика од лицата кои својот ден го започнале со оброк кој не бил протеински.

Каков појадок ви препорачуваме?
Направете кајгана со 1 јајце, 2 лажици јогурт и додадете неколку ситно исецкани свежи печурки и чери домати. На страна грилувајте авокадо и подготвени сте за нови предизвици сити и полни.масло

Веруваме дека ваквиот појадок ќе направи да се чувствувате поенергични и помалку летаргични како што е во случајот со консумирање на јаглехидрати.

Проверете и

Енергетски десерт- бомбици со урми и Spirulina Pacifica

Енергетски бомбици со Spirulina Pacifica – вкусен рецепт со здрави намирници Она што ќе ви ...