Почетна / Совети за здравје / Најдобри топли напивки за подобар сон

Најдобри топли напивки за подобар сон

Зимата е совршено годишно доба за пиење на различни топли напивки кои ќе не затоплат. Доколку имате проблеми со несоница, одличен лек за тоа се топлите напивќи кои ќе Ви помогнат да се опуштите и полесно да заспиете.

Какао

Какао е класична и најпозната напивка за вечерните часови. Го обожуваат децата, го пијат и возрасните затоа што е здрав и вкусен. Потекнува од цивилизација на Маите, кои први ги откриле сите благодети на ова вкусна напивка. Обидете се да најдете органски какао прав кој е поздрав од различните инстант напивки кои во себе содржат многу додадени шеќери и адитиви. Можете да го подготвите со додаток на млеко или вода, додадете му мед и зачини по желба.

Чај од камилица 

Чај од камилица е совршен избор за оние луѓе кои ги избегнуваат млечните производи, а познат е по многубројните благодети, од кои посебно се истакнуваат природните смирувачки својства. Камилица помага при смирувањето на нервите и желудникот и го потикнува чувството на смиреност во текот на целиот ден. Поради неговото смирувачко делување посебно им се препорачува на луѓето кои имаат несоница. За мирен сон најдобро е да се испие чај без додаток на шеќер два часа пред спиење.

Топло млеко    

Советот на нашите родители за пиењето на топло млеко пред спиење базиран е и на здравствените факти. Се смета дека аминокиселини кои се наоѓаат во млекото помагаат во создавањето на хормони кои се потребни за мирен сон. Млекото е богато со калциум и преставува голем извор на протеини. Ова е еден од наједноставните напивки затоа што треба само да го стоплете млекото и да го испиете пред спиење. Доколку сакате благо, можете да додадете малку мед.

Чоколадно млеко    

Чоколадното млеко е вкусна и хранлива напивка, а најмногу го сакаат децата. Пијте го пред спиење бидејки е лесна напивка но сепак може доволно да Ве засити поради шеќерот кој го содржи во себе.

Топло чоколадо    

Иако многумина го поистоветуваат со какаото, топлото чоколадо е сепак малку поинакво. Погусто е и содржи какао путер, млеко или блага павлака, што е прави да биде вкусна и хранлива, но многу по калорична алтернатива од топлото какао. Многумина е обожуваат, затоа што е совршено вкусна.  .

Проверете и

Први симптоми на остеопороза

Остеопорозата е болест во која доаѓа до губење на коскената маса и без никакви симптоми. ...