Почетна / Рецепти / Најдобрата сараевска Соган Долма!

Најдобрата сараевска Соган Долма!

Некои стари јадења никогаш не излегуваат од мода. Рецептите се пренесуваат од колено на колено, како некое вредно наследство.

Состојки:
300 грама телешко или јунешко месо, 8 главици кромид, една шолја (за кафе) ориз, црна пипер, сол, зачини по желба, 4 помали домати.

Подготовка:                   
Исчистете осум главички кромид и од секој кромид, отстранете ја површината и од горната и од долната страна. Барете ги 10 минути. Кога ќе се оладат, внимателно и нежно, за да не се скинат, извлекувајте ги опните на кромидот од средината и редете ги во садот. Од 8 главички  би требало да излезат 24 – 26 опни од кромид, само што ќе ги исечкате оние мали опни од средината и ќе ги измешате со месото, исечканиот домат, обарениот ориз и мала шолја масло. Сето тоа измешајте и посолете по Ваша желба, па со таа смеса полнете го кромидот.

Во тенџерето, на малку маст, испржете го ситно исечканите две главици кромид, два домати, сечканиот магдонос и лажица црвена пипер. Полејте го сето ова со млака вода и варете на тивок оган 90 минути. На секои 30 минути, додавајте шолја млака вода.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...