Почетна / Здравје и исхрана / Најдобар пијалок за имунитет, кожа и чистење на организмот

Најдобар пијалок за имунитет, кожа и чистење на организмот

Водата од кокосот е добар пијалок, но хранливите состојки и материи на сокот од алое вера за нутриционистите е доста интересен. Освен што и помага на кожата, го зајакнува имунитетот и го чисти организмо. Овој сок освен што е богат со минерали, тој успешно го регулира нивото на холестерол во крвта, помага при намалување на килограмите, го подобрува варењето и имунитетот.

Имено, билката алое вера содржи ензими кои се многу добри за метаболизмот и ги отстрануваат токсините од организмот. Алое вера содржи бројни витамини, вклучувајќи ги А, Ц, Е, фолна киселина, Б1, Б2, Б3, Б6, тоа е една од ретките билки кои го содржат витаминот Б12, кој му помага на работата на мозокот и нервниот систем.

Од минералите изобилува со калциум, магнезиум, цинк, хром, селен, натриум, железо и калиум. Богата е со аминокиселини, кои ја олеснуваат работата на дигестивниот систем.
Ја зајакнува и природната способност на телото да се бори со болести и да ги исфрла токсините од телото. Таа ги смирува внатрешните органи и помага во намалување на надуеноста.

Сокот од оваа билка традиционално се користи за ублажување на изгореници и псоријаза, а придобивките се далеку поголеми ако се внесува во организмот.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...