Почетна / Активен живот / Најбогат извор на храна за Вашите деца

Најбогат извор на храна за Вашите деца

За доброто здравје на децата заслужен е силниот имунолошки систем. Кога тој функционира правилно тој се бори против причинителите на болестите. Сите деца се континуирано изложени на разни патогени причинители, но тоа не значи дека се болни. Таквото изложување всушност го зајакнува имунолошкиот систем на децата. Сепак децата кое се почесто болни имаат ослабен имунолошки систем, кој мора да се зајакне. Исхраната во која недостасуваат хранливи материи, зголемениот внес на шеќери и неконтролираната употреба на антибиотици кои ја нарушуваат цревната флора се причинители на намален имунолошки систем.

Spirulina Pacifica ги содржи најзначајните концентрации на хранливи материи познати од  било која друга храна, растение, жито или билка. Оваа микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини на Б комплексот, комплетни протеини, ГЛК и мноштво на минерали и ензими. Ги содржи  сите есенцијални амино киселини, 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говетскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спањаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеин отколку тофу (сирење од соја) и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот. Spirulina Pacifica содржи извонредно големи количини на фитонутриенти, состојки кои се присутни во мали количини, но се многу важни за правилно функционирање на организамот. Фотонутриентите како фикоцијанин, полисахариди и сулфолипиди не само што го подобруваат имунолошкиот систем туку го штитат организмот од разни инфекции, бактерии и вируси. За разлика од другите високо протеински храни, Spirulina Pacifica е 95% искористлива.
Оваа супер храна може да биде здрав составен дел на секојдневната исхрана на Вашите деца. Не треба да се грижите дека ќе им дадате на Вашите деца премногу Спирулина. Повеќето деца ја сакаат и постојат забавни начини да ја влкучите овој додаток во нивната исхрана. Можете да подготвувате вкусни каши со нивното омилено овошје, зеленчук и џус. Спирулината не само што обезбедува важни витамини и минерали, исто така го зајакнува природниот имунитет на Вашето дете, за да им помогне да бидат отпорни на кашлици и настинки кои многу лесно се шират помеѓу децата.
Spirulina kwekerij4

what_is_spirulina

Според една важна студија за тоа како Спирулината позитивно влијае врз Вашите деца, истражувачите откриле дека по дополнување на исхраната на 1567 деца од училишна возраст со само еден грам од Спирулина на ден за 6 месеци тие забележале огромно подобрување од 81% во нивните резултати на училиште. Овој резултат се должи на тоа што Spirulina Pacifica содржи многу високи количини на Гама Линоленска киселина во природна форма која покрај мајчиното млеко, Спирулината е најбогат хранлив извор на оваа важна масна киселина. Ова ГЛК игра многу важна улога за раст и развој на Вашето дете, балансирање на хормонскиот систем во организмот и хранење на мозокот и нервниот систем на детето. Ова значи дека Спирулината е горивото кое ќе го подобри севкупниот развој и раст на Вашето дете.
Поради сето ова Spirulina Pacifica ја нарекуваат СУПЕР храна –  НАСА ја користи оваа алга во вселенските експедиции. Spirulina Pacifica се одгледува и обработува во идеални климатски услови на недопрениот брег на Хавајскиот остров Кона. Ова е единствено место на светот каде поради идеалните климатски услови, чистата вода и воздух, изобилие на сонце и минимални врнежи се произведува во текот на целата година со патентиран процес на производство.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...