Почетна / Рецепти / Мусака со црни домати

Мусака со црни домати

Еден од најпопуларните рецепти во нашата традиционална кујна е мусаката.
Мусаката може да се приготвува со компири, тиквички или црни домати.
Нашиот денешен предлог рецепт е мусака со прстени од потпечени црни домати од Випро.

За рецептот потребно ќе ви е:
– 2 тегли потпечени црни домати
– 1/2 килограм мешано мелено месо
– пармезан
– морков
– 1 тегла пелати (цели лупени домати) од Випро 
– зачини
– нане
– кромид
– лук
– магдонос
– нане
– лажица сенф

Во тава се пропржува ситно исецкан кромид, се додава ситно изрендан морков, се додаваат 3 чешниња ситно исецкан лук и се додава месото. Се зачинува.
Се пржи се додека не добие убава боја и не биде готово месото.
Пред самиот крај (10 мин) се додаваат ситно исецкан магдонос, лажица сенф, и пелатите од теглата.
Се динста додека не се добие хомогена конзистенција на доматите со месото.

Во огноотпорна керамичка тава се реди ред домати, ред од месото и така се додека не се заврши смесата.
Врз последниот слој се става пармезан.
Се пече околу 20 минути на температура од 150 степени или додека сметате дека е готово.

На здравје!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...