Почетна / Рецепти / МОРНАРСКА САЛАТА

МОРНАРСКА САЛАТА

Денес Ви преставуваме вкусна и здрава салата која ќе ја подгответе за миг. Прекрасните шарени бои и здравје кое Ви нуди ова салата ќе ја сочува вашата вита става и ќе Ви обезбеди на Вашето тело драгоцени нутриенти.

Состојки:

3 конзерви сардина, 100 грама боранија, 3 свежи црвени пиперки, 2 кромиди, 1 краставица, 200 грама спанаќ, 6 домати, една рака маслинки, лук, еден цел лимон и сок од 1 лимон, копар, пипер, сол, 2 лажици масло.

Подготовка:

Извадете ги сардините од конзерва, исцедете ги од маслото, исчистете ги од коски и сечете ги на мали парчиња. Сварете ја боранијата и исечете ја на стапчиња, а пиперките, кромидот и краставицата исечете ги на тенки тркалца. Добро измиjан и исцеден спанаќ сечете го на ленти, а доматот излупете го и сечете го на коцки. Додадете ги маслинките, па се добро да се меша. Лимонот сечете го на тенки кругови и додадете го во салатата, а потоа додадете го маслото, лукот, лимоновиот сок и зачините. Додадете пипер и сол по Ваш вкус. Добар апетит!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...