Почетна / Здравје и исхрана / Морков – извор на доброто здравје и убавина

Морков – извор на доброто здравје и убавина

Златниот рудник на витамини или „супер храна“, ете како уште го викаат морковот. Потекнува од Централна Азија и Средниот Исток, а морковот кој денес ни е на располагање води потекло од во Авганистан.

Кога ќе кажеме морков, првата асоцијација ни е бета-каротен во фантастични количини. Еден морков содржи препорачана дневна доза на бета-каротен. Кога јадеме морков или друг зеленчук или овошје кои се богати со бета-каротин, организмот ги претвора во витамин А ( важен за одржување на функции за нормален вид, растот на клетките и здрава слузокожа ).

Витаминот А му помага на очите да се прилагодат во темница и го подобрува здравјето на кожата и косата. Каротинот најдобро се искористува од суров рендан морков. Долг е списокот на корисните состојки во морковот – богат е со минерали, витамини, пектини и етерични масла. Исто така долг е и списокот на состојбите во кој морковот делува благотворно – морковот го поттикнува телесниот развој на детето, ги зајакнува коските и ја зголемува отпорноста кон инфекциите, го зголемува број на црвените крвни зрнца и го чува и подобрува видот.

Има улога на чистач во организмот од штетните материи кои се создаваат со консумирање на лоша исхрана, под влијание на загадениот воздух и различни зрачења.

За да се подобри корисниот ефект до најголема мерака, морковот може термички да се обработи со малку маслиново масло.

Свежо цеден сок од морковот е одлична енергетска напивка. Добро е сокот да го задржите неколку секунди во устата, затоа што има голема моќ да ги убие бактериите.

Поред јаглените хидрати и протеини, содржи големо количество на материи кои содржат влакна и создаваат чувство на ситост. Се смета дека помага во отстранување на уморот и ја подобрува концентрацијата.

Благодарение на пријатниот вкус и лесното варење, морковот се воведува во исхраната на бебињата како еден од првите зеленчуци.

И лисјата на морковот исто така можат да се јадат затоа што содржат многу минерали, но треба термички да се обработат.

Тој е зеленчук кој лесно се пакува, а кога се зема во предвид фактот дека е многу хранлив, можеме да заклучиме дека морковот е одличен дури и како предлог за ужина.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...