Почетна / Совети за здравје / МОРЕ – ВИСТИНСКА БЛАГОДЕТ ЗА ЗДРАВЈЕТО

МОРЕ – ВИСТИНСКА БЛАГОДЕТ ЗА ЗДРАВЈЕТО

Уште во старите времиња најпознатиот грчки доктор и основоположник на клиничката медицина Хипократ го проучувал позитивното делување на морската клима врз здравјето. Хипократ со тоа се занимавал во неговиот роден остров – Кос во Егејското море. Набљудувајќи го позитивниот ефект на морето врз оштетените раце на рибарите, сватил дека морската вода го намалува ризикот од инфекциите и ги обновува клетките.    Римјаните и Грците правеле термални бањи на обалата на Средоземјето и Атлантикот, а грчкиот драматург Еурипид во петиот век пред Христ, напишал – ʺморето ги лекува сите човечки болестиʺ.

Во морето се наоѓаат скоро сите елементи од природата кои се потребни на човекотː натриум, магнезиум, калциум, силициум, па дури и сребро и злато. Еден од најважните елементи од морето е јод, кој на човековиот организам е неопходан за производство на хормонот во штитната жлезда.

Прошетка поред морето е добра за белите дробови, затоа што овозможува вдишување на микро честички од морето кои настануваат од одбивањето на морето од обалата. Тие ситни честички сол во воздухот ги полнат негативните јони на водоник и минерали, патуваат до најдлабоките места на белите дрбови, поради што полесно се апсорбира кислородот.

Морската вода поволно делува врз зацелувањето на оштетената кожа и ги смирува кожните болести како што е дерматитис, егземи и псориаза. Морската сол има својство на антисептик и антихистаминик и благотворна е кај кожни алергиски реакции. На затегната кожа благодарение на пливање, нуркање, сурфување или аеробик во вода, дополнителен сјај и дава и исончаниот тен. Умереното сончање е лековито затоа што не снабдува со витамин Д, кој го регулира здравјето на коските, мускулите, имунитетот, расположение и сон.

Таласите и струите во морето внимателно го масират целото тело и го отстрануваат целулитот. Можеби многу пати сте слушнале дека водата го сочинува околу 70% од тежина на нашето телото, но она што можеби не сте знаеле е дека мозокот се состои од 95% вода! Затоа сетете се на старата поговорка ʺво здраво тело здрав духʺ и замините на море.

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...